Ни искусните домаќинки не го знаат овој трик: Пред да ја киселите зелката, ставете го ОВА во бурето и ќе добиете највкусна зимница
Задолжително пробајте
Постојат разни начини на киселење зелка, но ретко кој го знае следниов трик што ѝ дава посебен вкус на зимницата
Не можеме да си ја замислиме зимата без кисела зелка, а ретко кој знае дека овој зеленчук е многу поздрав токму во тој облик отколку како свежа зелка. Богат е со влакна, витамин Ц, К и бројни витамини од групата Б. Покрај тоа, содржи магнезиум, калциум, железо, а содржи и голема количина на манган и бакар.
Иако сите домаќинки имаат свои проверени рецепти за киселење зелка, речиси сигурни сме дека ретко која од нив во бурето става – дуњи.
Состојки за буре од 40 л:
- 10 главици зелка
- 20 л вода
- 1.2 кг сол
- 1-2 зрели дуњи
Приготвување:
Исчистете ја зелката, издлабете ја и во секоја главица ставете лажица сол. Наредете ја во буре од 40 л. Прелејте ја со вода во која сте раствориле сол. Не заборавајте дека во секоја главица веќе сте ставиле по лажица сол и со тоа веќе сте додале 100 грама.
На секои 10 л вода ставете по 250 г сол и добро измешајте. Зелката мора да биде покриена со вода. Оставете ја така 2-3 дена, па проверете дали треба да додадете уште. Притиснете ја со камен или друг тежок предмет. Преточете ја зелката барем 3 пати или добро издувајте ја со чисто црево. Во бурето додајте неколку дуњи за да добие зелката убава боја и уште поубав мирис и вкус.
Коментарите се заклучени.