Кога се омажила за стар милијардер, не претпоставувала дека тој ќе живее толку долго: Таа има 66, тој 91 година и сега се разведуваат!

Се шушка

Тој има 91 година и одлучил да се разведе од неа

Поранешната манекенка Џери Хол (66) се разведува од милијардерот и медиумскиот могул Руперт Мардок (91)! Оваа вест изненади многумина со оглед на тоа што двојката често можеше да се види на плажа, како ужива во заедничкото друштво.

Последен пат кога биле видени заедно, го прославувале 90-тиот роденден на Руперт и во таа пригода, Џери била многу внимателна кон својот сопруг.

Медиумите најмногу биле загрижени за тоа како разводот ќе влијае врз поделбата на имотот, но богатството на семејството Мардок е грижливо заштитено имајќи предвид дека Руперт обожавал жени, па како на шега влегувал од брак во брак.

Се зборува дека компаниите „Фокс Њуз“ и „Вол Стрит Џурнал“ се под строго управување на фондацијата Мардок, која ја водат неговите најстари деца.

Џери Хол сигурно ќе добие и повеќе пари одошто е потребно, но за сега не е јасно зошто се разведува двојката.

Самиот Руперт повеќепати има зборувано дека многу е задоволен во бракот со Џери, а кога се венчале во 2016 година, тој напишал на Твитер дека е најсреќниот човек на светот.

Меѓутоа, твитерџиите се сурови кога станува збор за разводот на оваа двојка. Многумина наведуваат дека Џери не претпоставувала дека Руперт Мардок ќе живее толку долго, додека други велат дека ѝ здодеал старецот.

Таа претходно била во брак со Мик Џегер и го гледала рокерот како бог, додека тој ја изневерувал со кого ќе стигне. Џери била толку повредена што следниот пат стапила во брак со ладна глава. Изгледа дека ни таа одлука не била најсреќното решение, со оглед на тоа што сега се разведува.

Се омажила за богаташ, па престанала да се дотерува: Кога имаш сопруг од 91 година, животот ти изгледа ВАКА!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.