Меган сака да се смири со Кејт, а зад тоа стои скриен интерес? После сите скандали, без срам ја моли да ѝ направи ГОЛЕМА УСЛУГА!

Шоубизнис

Веќе не можат да кријат дека принцот Хари и принцот Вилијам не се во добри односи, а многу се зборува за конфликтите меѓу нивните сопруги Кејт Мидлтон и Меган Маркл.

Двојките ги изненадија многумина појавувајќи се заедно по смртта на кралицата Елизабета, но ако кралските фанови се надеваа дека тоа ќе значи помирување меѓу браќата кои се скарани, нивните желби не беа исполнети.

Меган и Хари не останаа премногу долго во Велика Британија по погребот на кралицата, а објавувањето на долгоочекуваните мемоари на принцот Хари сигурно нема да помогне да се обноват семејните односи.

Меѓутоа, неодамна започнаа шпекулациите дека Кејт Мидлтон би сакала да ја обнови врската со Меган и Хари, па дури и дека е подготвена да отпатува во Америка за да го оствари тоа.

Откако Кејт и Вилијам ќе се договорат за деталите за патувањето во Америка, принцезата планира да и’ „подаде маслиново гранче“ на Меган за повторно да ги обедини браќата и да ја обнови нивната врска, изјави извор за Us Weekly.

Од друга страна, однесувањето на Кејт Мидлтон кон Меган на погребот на кралицата раскажува поинаква приказна.

Кејт имаше леден поглед кон Меган, истакнуваат експертите за говорот на телото, а Меган била толку расеана од моментот што заборавила да ја поздрави толпата.

Дополнително, за време на нивното заедничко појавување, на видеото се гледа како Кејт се оддалечува од Меган и ја игнорира.

Сега се шират гласини дека и Меган би сакала да ги подобри односите со Кејт, но само затоа што таа самата ќе има корист од тоа.

Имено, бидејќи Меган неодамна го лансира својот подкаст Archetypes, таа сака нејзината многу попопуларна јатрва да и’ биде гостинка.

Додека Меган беше во Обединетото Кралство, таа побара од принцезата од Велс да се појави во новата епизода од подкастот, изјави извор за Дејли експрес, додавајќи дека, иако Меган понекогаш има повеќе од еден гостин, за Кејт ќе биде подготвена да и’ посвети цела епизода.

Јасно е дека Меган е свесна дека интервјуто со Кејт ќе ѝ донесе огромна гледаност, па не е ни чудо што се обидува да ја убеди да се согласи на тоа.

Има смисла, кога ќе размислите за тоа. Меган верува дека епизодата со двете јатрви ќе привлече внимание и тие ќе зборуваат за тоа колку е тешко да се балансираат семејните и работните обврски, коментира кралскиот експерт Нил Шон.

Меган, наводно, чувствува дека нејзината врска со Кејт напредува, и иако сè уште не добила одговор, „таа мисли дека Кејт би можела да го прифати гостувањето во подкастот кога ќе ги посети САД следниот месец на Earth Shot Awards.

Вилијам и Кејт треба да се појават во Бостон на 2 декември, а доколку таа се согласи со барањето на Меган, тоа не би било првпат Кејт да се појави на подкаст. На почетокот на 2020 година, учествуваше во подкастот „Среќна мама, среќно бебе“.

Дали Кејт ќе се согласи да ѝ ја направи оваа услуга на Меган, тешко е да се каже, бидејќи со годините е во конфликт со сопругата на Хари, а Меган не се воздржа да ја спомне во познатото интервју со Опра Винфри, кога рече дека Кејт ја расплакала, иако британските медиуми претходно пишуваа дека ситуацијата била обратна.

Дали ја расплака Кејт, ја прашала Опра актерката.

Не, се случи спротивното. Не го велам тоа за да омаловажам нркого бидејќи беше тешка недела околу свадбата. Таа беше вознемирена поради нешто, а подоцна ми се извини. Ми донесе букет цвеќе и напиша извинување. Таа направи нешто што и јас би го направила ако повредам некого, таа ја презеде одговорноста за тоа, рече Меган.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.