КАКО ДЕВИЦА НА 64 ГОДИНИ? Раперот 50 Cent продолжува да ја исмејува МАДОНА: Ја нарече ПАТЕТИЧНА БАБА, а пејачката му кажа само едно

Шоубизнис

Раперот 50 Cent ги критикуваше неодамнешните заводливи, но и според многумина загрижувачки објави на Мадона на социјалните мрежи.

Поп дивата Мадона (64) не престанува да привлекува внимание со својот изглед и скандалозното однесување. Таа со месеци е во јавноста поради разголените фотографии кои ги споделува на мрежите, како и поради претераната обработка на сликите.

Некои од нејзините фотографии кои таа ги објави на Инстаграм буквално ги згрози дури и нејзините најверни обожаватели.

Раперот, чие вистинско име е Куртис Џејмс Џексон Трети, објави „скриншот“ на кој јасно се гледа најновото видео на Мадона на Тикток на кое таа ја пее “Vent“.

Како што пишува “Page Six”, раперот тврди дека Мадона користи „рап музика за да стекне репутација“ и ја нарече „патетична, а нејзините потези ги окарактеризира како вознемирувачки“.

Позната и како „кралица на попот“, 64-годишната Мадона се уште не одговорила на нападот на раперот. Се чини дека и 28,5 милиони следбеници на 50 Cent на Инстаграм го поддржуваат мислењето на раперот за пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 50 Cent (@50cent)

„Изгледа опседнато…“, гласи еден од коментарите.

„Што се случи со нејзиното лице? Таа ја уништи целата своја креативност и наследство“, додаде друга.

„Да, нешто не е во ред со неа“, напишал друг следбеник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Инаку, 50 Cent ја нападна и Мадона во јуни кога една нејзина фотографија ја спореди со вонземјани.

„Се надевам дека не ги терала нејзините деца да ја фотографираат. Има 63 години, некој да и каже да се опушти, ве молам“, напиша тогаш. Исто така, тој претходно ги критикуваше нејзините фотографии во долна облека, на што таа сепак реагираше.

„Ова е 50 Cent преправајќи се дека ми е пријател“, напиша таа со нивната фотографија на Instagram story.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

„Сега реши да бидеш безобразен. Претпоставувам дека твојата нова кариера се сведува да се обидеш да ги понижиш другите на социјалните мрежи. Најлошиот можен избор што можете да го направите како уметник и возрасна личност“, заклучила Мадона.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.