Меган Маркл и принцот Хари: Искрен и разоружувачки портрет на самоуверена и влијателна кралска љубовна двојка

Бомбастично најавуваното четиво

Книгата што го шокира британското кралско семејство, „Пронаоѓањето слобода: Хари и Меган и создавањето модерно кралско семејство“, меѓу другото, ги открива не премногу срдечните односи меѓу британските принцови и остро го обвинува Вилијам, а особено неговата сопруга Кејт, дека никогаш не им дале вистинска и искрена поддршка на принцот Хари и Меган Маркл.

На британската кралица сигурно изминатиов викенд ѝ преседнал појадокот, затоа што Елизабета наутро беше пречекана со чаша чај на масата и најновиот број на магазинот „Тајмс“, кој објавува извадоци од долгоочекуваната книга. Станува збор за бомбастично најавуваното четиво што повторно ќе го тресе британскиот двор и ги открива сите детали за односите меѓу членовите на кралското семејство.

Судејќи според извадоците објавени досега, книгата, напишана од Керолин Дуранд и Омид Скоби, објавена од „Дејли стрит букс“, детално опишува зошто Меган (38) и Хари (35) сметале дека кралската институција не ги поддржува, и фрла светло врз фрустрациите на двојката поради палатата и медиумите што ги третираа неправилно.

Иако се шпекулираше дека британскиот принц и неговата сопруга лично им кажале на авторите на книгата за нивната страна на приказната, тие тоа силно го негираа преку нивниот портпарол.

Војводата и војвотката од Сасекс не беа интервјуирани и не придонесоа за книгата: ‘Пронаоѓање слобода: Хари и Меган и создавање модерно кралско семејство’. Оваа книга се заснова на сопствените искуства на авторите како членови на кралската служба за медиуми и на нивното независно известување“, рече портпаролот на парот во изјавата поврзана со книгата, која е закажана за објавување на 11 август.

Скоби ѝ е еден од омилените новинари на Меган Маркл, човекот кој ги објави деталите за видео повикот што војводата и војвотката од Сасекс го испрати на кралицата Елизабета II на 21 април, по повод нејзиниот 94-от роденден.

Кралицата, како што објавија британските таблоиди, во најмала рака не ѝѝ се допаднало тоа, затоа што строго побарала од нејзиниот внук и неговата сопруга да ја одржат комуникацијата со неа приватна. Уште помалку, велат тие, не и се допаднала најавата за книгата во која сведочеле блиски пријатели Хари и Меган, а која, меѓу другото, гласи:

Малкумина се тие кои можеа да ја претпостават вистината за Хари и Меган. Првпат, ‘Пронаоѓањето слобода: Хари и Меган и создавање модерно кралско семејство’ открива непознати детали за животот на Хари и Меган. Како членови на избрана група на новинари, кои го покриваат британското кралско семејство и нивната свршуачка, Омид Скоби и Каролин Дуранд беа сведоци на животот на младиот пар. Оваа книга е искрен и разоружувачки портрет на самоуверена и влијателна кралска љубовна двојка“, се наведува во најавата за новиот светски бестселер, кој според извадоците објавени во „Тајмс“, ќе биде најчитаниот досега.

 

Оваа книга, меѓу другото, ги открива не премногу срдечните односи меѓу британските принцови и остро ги обвинува Вилијам и неговата сопруга Кејт дека никогаш не му дале вистинска и искрена поддршка на принцот Хари и неговата избраничка.

Во книгата, пријателите на Меган Маркл тврдат дека принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт ги игнорирале сите тешкотии поврзани со Хари и Меган и дека врската меѓу двата браќа и нивните сопруги е „замрзната“ до тој степен што Кејт ја игнорирала Меган во текот на нејзиниот последен кралски ангажман, со кој американската актерка се збогува од британското кралско семејство. Тој ден, не’ потсетуваат авторите на книгата, Вилијам и Кејт беа свртени со грб кон Хари и Меган, а тие разговараа само со принцот Едвард и Софи, кои седеа до Меган и Хари.

Не е многу изненадувачко затоа што Меган и Кејт никогаш не биле пријателки, а Кејт никогаш не се погрижи ни да станат. Иако Меган првично наивно очекуваше Кејт да ја запознае и да ѝ помогне да се приспособи на животот на дворот, таа никогаш не го стори тоа, а на пријателите им истакна дека нема никаква врска меѓу Меган и неа, освен фактот дека двете живеат во палатата Кенсингтон. Кејт комуницираше со Меган само кога таа навистина мораше, и имаше ситуации поврзани со кралскиот протокол каде што стоеја една до друга речиси еден час, без да разменуваат збор“, се вели во книгата, со што се потврдуваат и претходните шпекулации во медиумите за нетрпеливоста што владеела меѓу двете војвотки кои, судејќи според тврдењата дадени во книгата, ги скарале дотогаш неразделните принцови.

Наводно, Хари го нарекол неговиот брат Вилијам „сноб“ заради начинот на кој зборувал за Меган уште од самиот почеток на неговата љубовна врска со актерката, кого Вилијам ја нарекол „таа девојка“ и го советувал неговиот помлад брат да не брза во брак со неа, што длабоко го навредило Хари.

Меган и Хари исто така се чувствувале запоставени и биле фрустрирани од Вилијам и Кејт затоа што, за разлика од постариот брат на Хари и неговата сопруга, тие секогаш имале задача да вршат помалку важни кралски работи. Тие биле бесни што секогаш се во сенка на постарите членови на кралството Чарлс и Вилијам, кои еден вработен во палатата живописно ги опиша со зборовите:

Хари и Меган беа како трето тркало во семејството“.

Книгата исто така открива како двајцата биле лути затоа што им било забрането да основаат своја канцеларија во Виндзор.

Тие тврделе дека се жртви, дека даваат премногу и добиваат премногу малку. Сето ова не било по желба на поранешната успешна актерка Меган, која мораше да се откаже од животот поради придружувањето на кралското семејство.

За возврат, таа наскоро дознала дека се нарекува „трофеј“ на Хари, кој доаѓа со „доста багаж“. Исто така се наведува дека некои вработени во палатата ја дискриминирале Меган заради нејзината боја на кожа. Пријател на актерката откри и дека Меган, на крајот на краиштата, немала друг избор освен да се оддалечи од токсичното опкружување.

 

Исто така, во книгата се вели дека откако била обвинета дека е виновна за одлуката на Хари да ја напушти должноста и семејството, а нивното заминување го добило името по неа, „Мегзит“, таа не може да замисли дека некогаш повторно ќе има врска со кралското семејство. На неа веднаш и се придружи заљубениот Хари и сакал да разговара со неговата баба, кралицата Елизабета II, за сите проблеми минатиот Божиќ пред „Мегзит“. Затоа пристигна со авион од Канада. Сепак, обезбедувањето, одредени мажи во сиви костуми, го спречиле да се сретне со кралицата и му рекле дека тој може да ја види дури на 29 јануари.

Истите овие луѓе се оние кои најмногу се плашеа дека принцот и Меган ќе ги засенат другите луѓе од кралското семејство, тврди книгата, во која понатаму се наведува дека по сето ова Хари се чувствувал незаштитен од сопственото семејство и го болело да ги слушне нивните гласини за него, дека е преосетлив.

Посебен пасус е посветен и на делот во кој Хари и Меган го известуваат кралското семејство дека повеќе не сакаат да бидат дел од нив и дека се откажуваат од нивните титули и должности. Во книгата се вели дека Хари го споредил соочувањето со палатата со конфронтацијата со стрелачката екипа и додава дека двајцата биле фрустрирани затоа што кралицата не сакала да се сретне со нив приватно за да разговараат за барањата на младата двојка во мир.

Книгата со 320 страници, според британските медиуми, споменува чести расправии меѓу членовите на кралското семејство, како и тврдењето дека Хари верува дека некои од неговите роднини воопшто не ја сакаат Меган, која заедно со Хари е опишана како иницијатор на револуцијата во монархијата., што не успеала поради постојаната субверзија на кралското семејство и таблоидите. Сето ова, убеден е Хари, е направено со цел да се намали популарноста на младата двојка, додека Меган ја опишува постојаната критика на таблоидите на нејзината сметка како бавна „смрт од 1.000 исеченици“.

 

Хари и Меган беа во можност конечно да ја модернизираат цврстата британска монархија и да ја доближат до денешницата, но тие постојано беа обесхрабрени од моќниците во сенка и непријателските медиуми кои внимателно го следеа нивниот приватен живот“, се вели во книгата, во која пишува и дека работите конечно пукнале кога принцот и војвотката го објавиле „Мегзит“.

Откако Хари и Меган беа убедени дека кралицата и таткото на Хари, принцот Чарлс, не сакаат никакви промени и модернизација, тие сфатија дека нема да има смисла. Желбата на Хари за промена се случи за време на Божиќните и новогодишните празници што тој и Меган ги поминаа во Канада. Принцот тогаш конечно сфатил дека постои друг начин на живот.

Тој му рекол на својот пријател:

Не ми треба филмски момент кога ќе излеземе од автомобилот и ќе мавтаме на стотици фотографи пред да влеземе во зградата“, се вели во книгата, која исто така вели дека кралицата била длабоко разочарана од одлуката на нејзиниот внук да го напушти кралското семејство и да се отсели засекогаш.

Сепак, најголемото разочарување за принцот и војвотката следеше кога на Хари му беа одземени почесните воени одлики. Тоа беше дополнителна потврда за Хари и Меган дека тие ја направиле вистинската работа, се наведува во книгата, во која е напишано дека принцот бил главниот иницијатор на одлуката парот да го напушти дворот и да се иселат од Велика Британија. Според авторите на книгата, Меган била голема поддршка во тоа, жена која му дала самодоверба што му била потребна за да донесе конечна одлука.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.