„Ме плукаа и ми велеа дека сум грешка на природата“: Болната животна приказна на Лејди Гага

Шоубизнис

Светската ѕвезда поминувала низ пекол додека не станала тоа што е денес.

Пејачката Лејди Гага освен неверојатниот глас има талент за глума. Таа ја играше улогата на Патриција Реџани во филмот „Куќата на Гучи“, а се најавува дека ќе биде дел и од филмот „Џокер“ играјќи го ликот Харли Квин.

Меѓутоа, во текот на нејзиниот живот додека растела воопшто не било така. Детството и го одбележиле депресијата и психичкото малтретирање кои сега, како што вели, ги надминала целосно.

„Почнав да свирам клавир на четири години. Многумина на моите родители им кажуваа дека сум чудо од дете зашто извонредно сум ги изведувала најтешките композиции на Бах, Бетовен и Шопен, но тие во тоа не веруваа. Мислеа дека нешто не е во ред со мене и да сум чудна зашто никогаш не ми било интересно да го поминувам времето со останатите деца. Бев тивка, повлечена, едно време дури ме водеа кај еден детски психолог за да видат што се случува со мене. После година дена, сфатија дека е подобро да ме остават на мира и да ја гледаат својата работа зашто се можев сама“, изјави еднаш Лејди Гага.

Таа беше доста различна од другите врсници, па никогаш не се вклопувала во „балонот“ што и го наметнуваа, но не сака да се враќа во минатото зашто смета дека е губење време.

„Не сакам да се враќам во минатото зашто сметам дека е губење време. Проживеав ужасни денови како тинејџерка зашто преку ноќ се соочив со најстрашниот облик на психичко малтретирање кои ми го подготвија децата во средно училиште. Отсекогаш бев поинаква и никогаш не се вклопував. Имав само неколку пријатели и обожавав во музиката. Сигурна сум дека многу млади луѓе поминуваат низ сличен пекол, но молчеле зашто им било срамота. Поради својата различност, со само 15 години паднав во длабока депресија“, раскажува пејачката во едно интервју кај Опра кога откри и дека била силувана на 19 години.

Музиката ја користела како бегство од реалноста и на тој начин ја отфрлала негативната енергија од себе.

„Ме плукаа и зборуваа дека смрдам, дека сум грешка на природата… Се затворав во куќата и непрестано ќе свирев по седум часа, со цел да ја исфрлам сета негативна енергија од себе, како и омразата која ја чувствував кон другите. Лошо е кога некого мразите, а јас го мразев цел свет. Денес ми е жал поради тоа“, изјавила Лејди Гага.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.