Најдобриот начин да ја искористите содата бикарбона: Ги брише брчките од лицето, како и акните и митесерите!

Важно е само да го почитувате ова правило!

ФОТО: Shutterstock

Содата бикарбона има широка примена во секојдневниот живот, а може да биде одличен сојузник и кога станува збор за негата на лице

Содата бикарбона е еден од производите со најширока примена. Многумина ја користат во своето домаќинство за чистење, меѓутоа може да направи чуда и за вашиот организам. Доколку правилно ја искористите, ќе го извлечете максимумот од нејзините придобивки.

Покрај тоа што може да се користи за чистење, за детокс на организмот, како и во исхраната, одлична е и кога станува збор за негата.

Содата бикарбона е прочистувачка состојка која ги отстранува нечистотиите, ги одзатнува порите и ја спречува појавата на митесери. Исто така, има и силно антибактериско дејство, додека особено е корисна за масна кожа со видливи нечистотии.

Раствор против подочници

Ако имате проблем со подочници, а заморот само дополнително ја влошува состојбата, пробајте го растворот на вода и сода. Во 2 дл топла вода додајте лажиче сода бикарбона, добро промешајте и потопете туфери со добиениот раствор. Оставете го 10 минути на лицето, па исплакнете.

Пилинг за лице

Пилингот од сода бикарбона е еден од наједноставните за приготвување – сè што треба да направите е да измешате сода бикарбона со малку вода за да добиете густа смеса, со која како и со секој друг пилинг, нежно ќе ја измасирате кожата, па ќе ја исплакнете.

Исто така, во содата може да се додаде и лажиче мед, за уште подобар ефект. Содата бикарбона може да се комбинира и со лимон, чија комбинација ќе влијае врз исчезнувањето на брчките, додека исто така ќе ја спречи и појавата на акни и митесери. Смесата со сода и лимон се прави така што се става едно лажиче сода и малку лимонов сок, лицето се трие со смесата и се остава 10-тина минути да дејствува, потоа се плакне со млака вода и се отстрануваат остатоците.

Доколку имате осетлива кожа, измешајте ја содата бикарбона со кокосово масло. Треба да ставите едно лажиче сода и едно лажиче кокосово масло, убаво да го соедините сето тоа, а потоа да го нанесете на лицето и да го оставите неколку минути да дејствува. Потоа, исплакнете со млака вода.

Маска за лице

Измешајте две лажици зобни снегулки, една лажица сода бикарбона и додајте мед за да добиете компактна смеса. Добро промешајте и нанесете на лицето. Оставете да дејствува 10-15 минути и исплакнете со млака вода.

Содата бикарбона е одличен сојузник кога станува збор за убавината, меѓутоа, важно е да не претерувате. Пилинзите со сода можете да ги правите до 2 пати месечно за да не дојде до нарушување на природната pH-вредност на кожата.

Пробајте: Маска за лице од портокал и сода бикарбона за блескава кожа
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.