Љубовни афери, измами, естетски операции и караници: Дали таа е најскандалозната прва дама?

Животна приказна

Кантавторката и поранешна манекенка Карла Бруни (52) ја изненадила јавноста со интервјуто во кое проговорила за карантинот со својот сопруг, поранешниот француски претседател Никола Саркози (65)

Поранешната прва дама признала дека воопшто не им било лесно да поминат толку време заедно:

„Претходно ретко се гледавме во текот на денот, а сега имав можност да видам како дреме во 15 часот. Да, тоа беше тест за нас. Но тој напиша книга, а јас напишав албум“, истакнала за британскиот „Телеграф“.

Токму во тој период Карла одлучила да го остави алкохолот, па и тоа малку влијаело врз домашната атмосфера.

„Кога пијам, претерувам. Размислував, ако го поминам карантинот со алкохол, готова сум. Не знам да бидам умерена“, рекла потполно искрено пејачката која е во брак со Саркози од 2008 година.

https://www.instagram.com/p/CFsJBXZoY99/?utm_source=ig_embed

Нејзиниот сопруг не ѝ бил поддршка за тоа, бидејќи во текот на животот не пиел алкохол.

„Нема испиено ни капка алкохол во својот живот. Страда од силни главоболки, а кога беше помлад се плашеше како би можел да реагира на алкохол. Така што, не е свесен за позитивните страни на алкохолот. Му кажав: ‘Драго ми е што не знаеш, инаку цел ден би го поминувал во бар’“, раскажала Бруни.

Поранешната манекенка не била сама во куќата со сопругот, туку домот им бил исполнет.

„Имавме полна куќа. Со нас, секако, беше ќерката Џулијана која ќе наполни 9 години во октомври, мајка ми беше со нас, но и неговата сестра. Мајка ми има 91 години, а неговата сестра има 95. Италијански затвор, о Боже, за малку ќе се убиевме едни со други“, рекла Карла низ насмевка.

Пејачката и Саркози следниот месец ќе обележат 13 години од своето запознавање. Признала дека со сопругот ја споиле неговата моќ, еднаквост и рамнотежа.

https://www.instagram.com/p/CDL7l3CIs2b/?utm_source=ig_embed

„Се сретнавме во вистинско време. 20 години претходно му требаше сопруга која ќе му биде полојална. А јас никогаш не би се зближила со маж кој има толку силен и доминантен карактер. Но се запознавме кога бевме доволно силни еден за друг“, нагласила.

Проговорила и за страста помеѓу нив и како таа не стивнувала ни во куќа полна со луѓе.

„На југот на Франција имаме многу голема куќа. Имаме простор за работа, мали места каде што тој можеше да пишува, а јас да создавам музика. За љубов имавме спална соба со клуч и дебели ѕидови“, се пошегувала.

Додала и дека и’ е жал за Николас, бидејќи не е баш пријатно да се биде заробен со мајка и’.

Инаку, често во јавноста се спомнувало дека Карла била во врска со Доналд Трамп во 1990-те, додека работела како манекенка ширум светот. Многумина ја исмеваат Бруни тврдејќи дека претерала со козметичките зафати и дека по тоа многу си личи со сопругата на Доналд, Меланија Трамп.

Завела дечко, растурила семејство, станала прва дама: Нови детали од животот на Брижит Макрон!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.