Со овој генијален трик ќе ви траат значително подолго: Мал моден совет како никогаш да не ви се искинат хулахопките!

Вреден трик

Има ли полошо чувство од тоа кога ќе облечете штотуку отпакувани хулахопки и ќе сфатите дека веќе се скинале?!

Некогаш ни се кинат само што ќе ги облечеме, но добро прочитајте што треба да направите со нив пред првото носење.

Есента и зимата се вистинско време за носење хулахопки! Меѓутоа, тие многу често и брзо се кинат. Тоа не мора повеќе да се случува! Еден мал трик значително ќе им го продолжи векот на траење.

За што се работи?

Пред да ги облечете првпат, навлажнете ги со вода, па стиснете ги да се исцеди вишокот вода. Потоа, хулахопките, најдобро прекуноќ, ставете ги во најлонска вреќичка во замрзнувач. Следниот ден оставете ги хулахопките да се одмрзнат на собна температура. Ефект: поради студот, тие стануваат поеластични, а со самото тоа и потрајни.

Што уште помага?

Хулахопките секогаш мораат целосно да легнат на стапалото пред внимателно да ги повлечете нагоре. Тогаш, ништо не може да тргне наопаку.

Како правилно се комбинираат хулахопките?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.