Лошо ѝ се пишува: Популарната манекенка е прогласена за виновна од страна на судот!

Поднела лажни пријави

Бар Рафаели е прогласена за виновна за криење данок и осудена е на голема парична казна, но и на девет месеци општествено корисна работа, од страна на судот во Тел Авив.

Имено, манекенката подлесувала лажни пријави за приход додека живеела во странство за да избегне да плати данок во Израел.

Должна е да плати 2,5 милиони шекели (638 илјади евра) парична казна, да ги плати заостанатите даноци и мора да работи 9 месеци општествено корисна работа, одлучил судот.

Израелските власти ги обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле фиктивно живеалиште во странство за да платат помалку данок во земјата.

Нејзината мајка Тзипи Рафаели е осудена на 16 месеци затвор, на 2,5 милиони шекели парична казна и плаќање на заостанатите даноци.

Со пресудата заврши повеќегодишното судење – Бар Рафаели првпат била уапсена во декември 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

💋💋

A post shared by Bar Rafaeli (@barrafaelii) on

Израелската манекенка предизвика контроверзност кога избегна служење 2 години задолжителен воен рок венчавајќи се со пријателот на својот татко, од кој подоцна се разведе.

Венчани жени и трудници се ослободени од служење на воен рок во Израел.

Бар Рафаели сега е венчана со израелскиот бизнисмен Адиј Езра.

 

 

View this post on Instagram

 

בחיים אני לא אמצה חבר כזה טוב ומצחיקקק💗👌👌

A post shared by Bar Rafaeli (@barrafaelii) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.