Кралот на глупавите подароци: Нема да ви се верува што ѝ купил принцот Вилијам на Кејт за роденден!

Не била воодушевена

Идниот крал на Велика Британија признал дека не го бива за одбирање подароци за своите најблиски

Ако некогаш некому сте му дале подарок и тој се запрашал зошто сте му го купиле токму тоа, не дозволувајте предолго да ве преплави чувството на срам – веројатно сте биле покреативни од принцот Вилијам.

Кејт Мидлтон пред неколку дена го прославила 40-тиот роденден, а сè уште не е познато со што ја израдувал сопругот на овој важен ден. Меѓутоа, еден подарок што идниот крал на Велика Британија го подготвил за својата сакана бил толку бесмислен што не можел да остане тајна…

Кога во 2020 година гостувал во подкастто на некогашниот британски фудбалер Питер Крауч, принцот Вилијам признал дека не го бива за одбирање подароци за своите најблиски.

Имено, поранешниот спортист рекол дека на својата сопруга Еби Кленси, сосема случајно три години по ред ѝ купувал ист подарок, а на прашањето дали Вилијам може да го надмине во категоријата најлоши подароци, војводата од Кембриџ рекол:

„Веројатно можам. Еднаш на мојата сопруга ѝ купив двоглед.“

Тој открил дека тоа се случило на почетокот од врската и се пошегувал дека тоа му помогнало да ја заведе.

На прашањето што мислела Кејт Мидлтон за подарокот и како реагирала, Вилијам раскажал сè:

„Ме гледаше и беше во фазон: ‘Тоа е двоглед… Што се случува?…’ Не помина добро. Немам претстава зошто ѝ купив двоглед.“

Како што пишуваат британските медиумите, војвотката од Кембриџ не дозволува сопругот да го заборави тој непријатен момент во нивната врска кога стоел пред неа со двоглед во рацете, но подоцна тој се „искупил“ со тоа што ѝ подарил скапоцен накит.

Оригинален божиќен подарок за деверот: Вака Меган Маркл го насмеала принцот Вилијам до солзи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.