Оригинален божиќен подарок за деверот: Вака Меган Маркл го насмеала принцот Вилијам до солзи!

Биографите на кралското семејство откриле

Војвотката од Сасекс има многу оригинални идеи

Меган Маркл е позната по тоа што ги радува членовите на кралското семејство со оригинални подароци за Божиќ.

Приказната за играчката хрчак што ѝ ја подарила на кралицата Елизабета Втора станала планетарно популарна, а сега кралските биографи Омид Скоби и Керолин Дуранд откриле во една пригода што му подарила на принц Вилијам.

„Нејзиниот најголем предизвик бил да најде совршени подароци што ќе го забавуваат проширеното семејство“, напишале кралските биографи во книгата.

Имено, таа на својот девер му подарила лажица на која имало врежано житарка.

Судејќи по пораката на лажицата, братот на принцот Хари очигледно обожава да јаде житарки за појадок.

За жал, такви моменти нема да има оваа година на дворот. Освен што Хари и Меган го започнаа својот живот во Америка, пандемијата на коронавирус ја наруши и традицијата на дворот.

На одговорно однесување повикала и кралицата Елизабета Втора која првпат за 33 години, ќе го помине Божиќ со сопругот Филип во дворецот Виндзор, без другите членови на семејството. Божиќното дружење со децата и внучињата ќе го организира онлајн.

Принц Вилијам и Кејт Мидлтон со 7-годишниот син Џорџ, 5-годишната Шарлот и 2-годишниот принц Луис, Божиќ ќе го прослават со родителите на војвотката од Кембриџ.

Од друга страна, принц Хари и Меган нема да доаѓаат во Велика Британија за божиќните празници.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.