Ова е најсмешниот виц во историјата: Црн хумор од 1951 година!

Истражувањето докажало

На социјалните мрежи повторно кружи „најсмешниот виц на светот“

„Најсмешната шега на светот“ е изразот со кој Ричард Вајсман, професор по психологија на Универзитетот Хартфордшир, во 2002 година ги сумирал резултатите од едно од своите истражувања.

За овој експеримент, наречен LaughLab, направил веб-страница на која луѓето можеле да испраќаат и да оценуваат шеги, а најсмешниот со повеќе од два милиона гласови е вицот кој всушност бил дел од скеч на британско-ирскиот актер, комичар и книжевник Спајк Милиган од 1951 година.

Еве како тој гласи:

„Двајца ловци од Њу Џерси одат во шума и еден од нив колабира. Се чини дека не дише и неговиот пријател вика брза помош. ‘Мислам дека другар ми е мртов. Што да правам?, прашува тој, а операторот му одговара: ‘Смирете се, можам да ви помогнам. Прво, уверете се дека навистина е мртво.’ Настапува тишина по која се слуша гласен пукот. Ловецот се враќа на телефон и вели: ‘Добро, и што сега?’“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.