КОРТНИ КАРДАШИЈАН ГИ ОТКРИВА ДЕТАЛИТЕ Ријалити-ѕвездата раскажа како почнала врската со Тревис и кој го направил првиот чекор

И кога била најсреќна со него, не чувствувала дека тој е мажот со кој треба да застане пред олтарот.

Сакајќи да открие како големото пријателство ѝ се претворило во љубовта на нејзиниот живот, Кортни Кардашијан седнала пред камерите на новото семејно шоу снимено за „Хулу“, а прво призна дека отсекогаш ѝ се допаѓал Тревис Баркер. Потоа, оваа позната бринета истакна дека таа го направила првиот чекор, бидејќи чувствувала „дека е вистинско време за тоа“.

Навистина беше вистинско време за тоа. Цела година бев посветена исклучиво на себе, но моите пријатели често ми велеа дека мора да бидам со него.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Инаку, Кортни ѝ „подари“ цела деценија од животот на турбулентната врска со Скот Дисик, со кого има три деца. Тревис, пак, беше во брак со Мелиса Кенеди, а потоа и со актерката Шејн Моаклер, со која има две деца.

За време на карантинот, Кортни и Тревис, првенствено поради своите наследници, „се дружеа по дома“, а тоа беше „вратата на среќата во која уживаат сега“.

Се допишувавме за време на пандемијата и разговорот се претвори во очигледен флерт. Кога официјално открив како се чувствувам, дури тогаш ме покани на состанок. Да гледаме филм“ – се присети Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Ништо не направи во текот на целиот филм“ – продолжи таа, а потоа на прашањето кој го иницирал првиот бакнеж, призна дека била таа.

„Му требаше долго време за да се опушти. Филмот заврши, пушти уште еден. Си помислив: ‘Немам време за маратон.’ Значи, јас му пријдов прва“, заклучи Кортни.

Инаку, Кортни никогаш не го изговори судбоносното „да“ со таткото на своите деца. Таа објасни дека едноставно не чувствувала дека тој е твистинскиот, дури ни во периодот кога била најсреќна со него.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.