Кога Наташа Беквалац оди на пазар, тоа изгледа ВАКА: „Јас сум навикната само да барам и да земам!“ (ФОТО)

Како сиот нормален свет

Фото: Инстаграм

И додека нејзините колеги се кријат кога се на пазар, таа се фали на Инстаграм!

Имено, додека повеќето од нејзините колешки, на чело со Цеца Ражнатовиќ, која изјави дека никогаш не готви и не оди на пазар, е вистинска реткост да се видат како влечат кеси полни намирници, Наташа Беквалац по сопствена инцијативна споделува сториња како поминало нејзиното последно пазарење.

Пред да одам во Сплит, само да кажам каде ме испратија. Одам на пазар да го обезбедам семејството за викенд. Велат дека немаат свежо овошје“ – започна Ната, која потоа ја направи следната снимка од пазарот, каде што овошјето беше во преден план.

Има се’ на пазарот. Ми требаат банани, јаболка, круши и лимони. Убаво ви е се’“ – вели пејачката, на која продавачот ѝ се заблагодари, па таа се упати кон соседната тезга.

„Бадеми, лешници и суво грозје“ – вели новосадската барбика, а по купувањето ги сподели и впечатоците од пазарењето:

Официјално објавувам дека тука се најпрекрасните и најљубезните луѓе. Повеќето господа се на пазарите. Набавив се’. Ми дадоа авокадо, кесичка коприви да пробам и едно момче ми ги донесе до автомобилот, јас сум навикната само да барам и земам, па се дружам само со луѓе од пазар и многу ги сакам, чао!“, во свој стил порача убавата Ната.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.