Ким Кардашијан ја откри причината за разводот со Канје Вест

Нејзиниот „прв вистински брак“, иако се три на број

Фото: Getty Images

Многуте шокантни откритија во специјално издание во два дела Keeping Up With The Kardashians: The Final Curtain ги изнанедија дури и најверните обожаватели на реалното шоу што се емитуваше цели 20 сезони и благодарение на кое членовите на семејството Кардашијан-Џенер станаа милионери и милијардери.

Во него, Ким Кардашијан првпат искрено проговори за разводот со раперот Канје Вест.

Искрено, не мислам дека би го кажалa тоа на телевизија. Не беше една конкретна причина од било која страна. Мислам дека станува збор за разлика во ставовите за неколку работи што доведоа до оваа одлука. Во никој случај не би сакала некој да помисли дека не дадов сè од себе, или навистина не се обидов. Знаете, имаме четири деца. Нема ништо што децата го сакаат повеќе отколку да ги видат своите родители заедно. И јас живеев за тоа“, вели Ким.

Зборувајќи за својот „прв вистински брак“ со Вест, Ким додаде:

Канје секогаш ќе ми биде семејство. Имаме неверојатна врска како тим на родители. Го почитувам многу и мислам дека ќе имаме добар однос. Знаете, тој прво ми беше пријател долго време, така што не мислам дека ќе се промени. Јас засекогаш ќе бидам најголемиот обожавател на Канје“.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.