Дневен хороскоп за ВТОРНИК (22.6.2021)

Астролошки предвидувања

Фото: Getty Images

Девиците се сомневаат дека партнерот е оној Вистинскиот, водолиите ги очекува ново познанство, рибите се во недоумица дали да ја раскинат врската

Прочитајте каков ден ве очекува!

ОВЕН

Пред вас се сериозни тешкотии доколку се занимавате со приватен бизнис. И покрај трудот, нема да успеете да ги надминете. Емоциите ви проработиле и инсистирате на интензивно дружење со партнерот. Стабилно здравје.

БИК

Работата се одвива подобро одошто очекувавте. Тоа ви дава доза на самодоверба, така што имате впечаток дека можете се’. Се обидувате да доминирате над другата половина, но таа не ви дозволува. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува конфликт со колегата. Свесни сте дека вашиот однос е од натпреварувачки тип, па не сте подготвени за дебата. Имате таен интерес за личност со која сте во пријателски однос. Бубрезите и главата ви се осетливи.

РАК

Добивате работна понуда која ви изгледа примамливо, така што веднаш ја прифаќате. Расположението кон брачниот партнер варира од тоа што не можете без него, до тоа да ве нервира. Одлично здравје.

ЛАВ

Благодарение на врските, добивате информации кои ви овозможуваат убедливо да доминирате на работа. Пред вас е ново познанство со топла, страствена личност. Притисокот осцилира.

ДЕВИЦА

И покрај константните обиди да ги решите, проблемите и понатаму се присутни на работа. Не ви е јасно зошто сте неуспешни. Односот со емотивниот партнер не се развива на посакуваниот начин. Се сомневате дека тој е вистинскиот за вас. Не сте расположени.

ТЕРЕЗИЈА

Задоволни сте како се одвива судењето. На интелигентен начин го насочувате во ваша корист. Односот со брачниот партнер е стабилен. Имате впечаток дека се’ е под контрола, иако не е. Главата ви е осетлива, особено синусите.

СКОРПИЈА

Ве очекува зголемен обем на обврските. Приспособливи сте, ги одработувате работите паралелно и успевате да функционирате во хаосот. Задоволни сте од односот со брачниот партнер и се трудите околу него (неа). Чувајте се од инфекции.

СТРЕЛЕЦ

Вашите напори да најдете работа во странство, конечно, носат резултат во вид на работна понуда. Ја прифаќате без размислување. Задоволен сте од врската, но не сте сигурни како другата половина ќе реагира на вашата преселба. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Ве очекува контакт со медиумите. Оставате впечаток на енергична, самоуверена личност. Како и брачниот партнер, така и вие сте загрижени за финансиите. Ве очекува разговор на таа тема. Притисокот е нестабилен.

ВОДОЛИЈА

Не успевате да ги реализирате работните планови поради непланираните тешкотии. Нервозни сте поради тоа. Ве очекува ново познанство, но другата страна не е заинтересирана за продолжување на дружењето. Гледајте да го зајакнете имунитетот.

РИБИ

Ако сте правник, влегувате во нов проект. Очекувањата се големи, но базирани на реална основа. Емотивната врска е многу динамична, така што сте во недоумица дали да ја прекинете или не. Инфекција е можна.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.