Ким Кардашијан има дечко што се шета по пижами, ги лакира ноктите и ги менува жените како чорапи: Но сега знаеме зошто е со него!

Неверојатно

Прво мислевме дека е шега, па се надевавме дека не е шега, а сега дефинитивно знаеме за што се работи

Ким Кардашијан (41) како да има средовечна криза, иако не е во средните години. Но нема друго објаснување за нејзината врска со 13 години помладиот Пит Дејвидсон.

Како што пишуваат странските медиуми, Ким Кардашијан ја потврдила врската со Пит Девијдсон (28), кога била видена дека се држи за рака со него во Палм Спрингс.

Двојката наводно е на гости кај мајката на Ким, Крис Џенер, што потврдува и дека не станува збор само за минлива врска, туку за нешто посериозно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kkwlive

Пит е првиот партнер на ријалити ѕвездата откако таа се разведе од сопругот Канје Вест во февруари оваа година.

Но кој е Пит Дејвидсон, дечкото што носи пижами сред бел ден, ја бојосува косата сина и ги лакира ноктите во јаки тонови?

Пит Дејвидсон е американски комичар, писател, актер и продуцент. Како јавна личност, се појавува на сите значајни настани во светот на забавите. Досега познато е дека бил во врска со Кејт Бекинсејл, а бил и свршен со Аријана Гранде.

По раскинувањето на свршувачката, двојката почнала да се расправа, а Пит ги покрил тетоважите посветени на бившата со тетоважа на која пишува „Проклет!“.

Пејачката напишала песна за Пит Дејвидсон во која вели дека неговиот полов орган е преголем и дека била со него само како занимација.

„Сега девојките имаат преголеми очекувања од мене“, прокоментирал Пит за песната на Аријана во еден од своите скечови.

Но дали тоа се единствените очекувања на Ким Кардашијан од нејзината нова љубов, останува да видиме!

Поради ОВАА фотографија, сите знаат дека Ким Кардашијан е во врска со НЕГО (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.