Сите зборуваат за фустаните на Лејди Гага, но што се случило со нејзиното лице?!

Се променила

Лејди Гага периодов го промовира новиот филм во кој игра главна улога

Лејди Гага (35) се појавила во Лос Анџелес на премиерата на својот нов филм „Куќата на Гучи“. За пригода облекла занесен сребрен фустан што го нагласувал нејзиното деколте.

На главата имала руса перика, а лицето го нашминкала јако. Во текот на целата премиера, заводливо се потпирала на раката на Адам Драјвер кој во филмот го глуми нејзиниот сопруг.

Сите се согласуваат за едно нешто: на оваа актерка ѝ се смешка Оскар!

Очекувано, бидејќи ја глуми сопственичката на брендот „Гучи“, Гага смислила моден ансамбл, па ги воодушевувала присутните со своите тоалети на црвениот килим. Меѓутоа, не може а да не се забележи и нејзиното лице.

Исклучително нагласените јаболчици и полната уста се нешто што досега Гага го немаше. Дали е возможно уметницата да ставала ботокс, филери?

Инаку, актерката во неодамнешното шокантно интервју кај Опра Винфри признала дека на почетокот од кариерата доживеала силување:

„Имав 19 години и работев, а потоа дојде тој продуцент и ми кажа да се соблечам. Реков дека нема и си заминав, а потоа ми кажаа дека ќе ја запалат мојата музика. И не престануваа. Не престануваа да ме прашуваат, се вкочанив и… повеќе не се сеќавам“, раскажала пејачката.

Сега кога има 35 години вели дека не сака да го открие името на напаѓачот.

„Го разбирам движењето #MeToo, разбирам дека тоа за некои луѓе е во ред, но за мене не е. Не сакам повторно да се сретнам со таа личност“, раскажала таа.

Многумина велат дека токму Лејди Гага е заслужна за раскинувањето на Бредли Купер и Ирина Шајк. По доделувањето Оскари минатата година, кога Бредли излезе на сцена за да отпее една нумера со Лејди Гага, се раширија озборувања дека двојката е вљубена до уши. Наскоро Ирина го остави Бредли.

Меѓутоа, Гага неодамна изјавила:

„Глумевме вљубеност. Работевме на таа сцена со денови…“

Денес, Гага блеска покрај Адам Драјвер, актерот со кого ги дели главните улоги во новиот филм, но помеѓу нив нема ни ронка хемија на црвениот килим. Изгледа дека не вежбале…

Бредли Купер конечно призна дали имал нешто со Леди Гага
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.