Ја викаа „уништувачка на мажи“: Се појави по второто породување и никој не може да поверува колку добро изгледа!

Скарлет Јохансон

Актерката Скарлет Јохансон се појавила на црвениот килим, рака под рака со сопругот Колин Џост

Скарлет Јохансон (36) заблескала на црвениот килим држејќи се за рака со сопругот Колин Џост (39). Ова е нејзиното прво појавување по раѓањето на синот Космо.

За оваа пригода, Скарлет облекла бело сако со длабоко деколте, модерен топ со светкавци и бели панталони.

Косата ја залижала во ниска пунџа, а деколтето го украсила со богат накит.

Скарлет својата линија ја довела до совршенство иако се породи во август оваа година. Синот Космо е нејзиното второ дете, а првото, девојчето Роз Дороти (7) го добила додека била во брак со францускиот новинар Роман Доријак.

Актерката инаку е позната како „уништувачка на мажи“, бидејќи ја бие глас дека била во врска со безброј холивудски лица. Пред Роман беше во брак со Рајан Рејнолдс, а по него, имаше неколку авантури додека не ја пронајде својата сродна душа.

Кога се омажи за комичарот Колин, сите прогнозираа дека тој брак нема да потрае долго, но тие двајца изгледаат совршено задоволно и вљубено.

Се породи Скарлет Јохансон: На свет донесе здраво момче!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.