Момчето ќе се вика Козмо
Колин Џост, сопругот на славната актерка Скарлет Јохансон, ги споделил среќните вести на Инстаграм – актерката се породила и на свет донела здраво момче.
„Океј, океј, добивме бебе. Се вика Козмо. Многу го сакаме“, напишал гордиот татко.
View this post on Instagram
Козмо му е прво дете на Колин, додека Скарлет има седумгодишна ќерка Роуз Дороти со новинарот Роман Доријак, со кого беше во брак три години.