Кендал Џенер ја прослави Новата година со поранешното момче!

И дадоа втора шанса на љубовта

Кендал Џенер (24), една од сестрите Кардашијан-Џенер, новогодишната ноќ ја помина со поранешното момче, НБА ѕвездата Бен Симонс (23) во Филиделфија. Некогашниот пар е виден заедно, а кошаркарот за дочек на 2020 година изнајмил кров од околната зграда на која приредил голема забава.

Бен и Кендал беа во романтична врска скоро цела 2018 година, тие прекинуваа и се смируваа, а последен пат „пукна“ кога манекенката беше забележана со Анвар Хадид (20), братот на славните модели Џиџи (24) и Бела Хадид (23).

Кендал со славењето со Симонс, ги згасна гласините дека повторно се гледа со едно друго поранешно момче, пејачот Хери Стајлс, но милиони обожаватели збуни и со оваа постапка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.