Убава вест – Камерон Дијаз стана мајка на 47 години

И се оствари најголемата желба

Холивудската актерка Камерон Дијаз (47) ги изненади обожавателите со последната објава на друштвените мрежи. Таа објави дека со нејзиниот сопруг, рокерот Бенџи Маден (40) станале родители.

Среќна нова од Маденови! Ние сме пресреќни, благословени и благодарни што во оваа нова деценија можеме да го објавиме раѓањето на нашата ќерка Радикс Маден. Во истиот момент ги зароби нашите срца и го пополни нашето семејство“, напиша Камерон.

Актерката не откри на кој начин или кога дојде на овој свет нивното бебе. Пред неколку години странските медиуми пишуваа дека парот сака да посвои дете или побара помош од сурогат мајка. Исто така, Камерон сака да ја заштити приватноста на своето дете.

Иако сме пресреќни што можеме да ја споделиме оваа вест, од друга страна знаеме дека мора да ја заштитиме нејзината приватност, затоа нема да споделуваме никакви фотографии, ниту да откриеме никакви нови детали, освен тоа што е неодолива“, заклучила Камерон.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.