Јелена Розга: „Не се доживувам ни помалку ни повеќе храбра од жената што се впуштила во самохрано мајчинство или што се водела од срцето при изборот на кариерата“

Фото: „Свет“

Јелена Розга е вистинска ѕвезда што не се однесува така, таа е достапна и весела, а сиве овие години на естрадата си остана верна на себе, автентична.

Јас не се доживувам ни повеќе ни помалку храбра од жената што свесно избрала самохрано мајчинство или жената што се водела од срцето при изборот на кариерата. Кога навистина сакаш нешто, подготвен си да прифатиш секаков предизвик, а мене низ животот ме водеше инстинктот, чувството…, искрена е Јелена во интервјуто за нашиот магазин.

Ја вбројуваат меѓу најубавите жени, на што таа одговара дека комплиментите секогаш ѝ годат.

Се обидувам мојата суета да ја држам под контрола, а и опкружена сум со луѓе што ме држат цврсто на земјата. Како резултат на тоа, автентичноста се рефлектира во стилот, ставот и внатрешното задоволство, вели таа.

Јелена е педантна и дисциплинирана, што доаѓа до израз и во нејзиниот пристап кон негата на лицето.

Многу сум ѝ посветена на негата на моето лице, тие ритуали не го пропуштам дури и кога сум преморена. Негата на кожата е нешто што ме прави многу среќна и во што уживам. Ја имам пронајдено комбинацијата што најмногу ми одговара и се држам до неа. Лицето го чистам наутро и навечер, по што нанесувам серум или хидратантен крем. Ги менувам во зависност од годишните времиња, прецизна е Јелена, која настојува да учи од своите грешки за да не ги повторува.

Понекогаш е повеќе, а понекогаш помалку успешна во тоа (како и повеќето од нас), но заклучува:

Сето тоа сум јас, и ништо би сменила.

И кога зборуваме за ритуалите за убавина и како се менувале со текот на годините, пејачката открива дека сака да биде во тек со физичките промени што доаѓаат со годините, но – не е имуна на можностите што ни се нудат денес за да го запреме времето, па дури и да „ги вратиме стрелките на часовникот“.

Порано ми беше доволна само хидратација, но сега во мојата рутина почнав да воведувам и серуми и кремови со ефект против стареење, како и со заштитен фактор, и налето и во зима. Сè уште се придржувам до тезата дека добриот сон, оптималното внесување течности, здравата храна, избегнувањето алкохол и силното сонце се најдобриот третман против стареењето, објаснува таа.

Нејзините омилени ритуали се поврзани со косата и лицето. Со години редовно оди на козметички третмани и кај професионален фризер.

Тоа е мојата формула за успех, кога станува збор за убавината, која немам намера да ја менувам наскоро.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.