Обиди што болат: Понекогаш патот до посакуваното потомство не е лесен

Тежок е, тешки се неуспесите, како и разговорите за нив. Како да разговарате со двојка што ви е блиска и што се соочува со загубена бременост или со неплодност? Многу чувства се во игра, од губење контрола до губење доверба во своето тело, како и во визијата за животот во која се инвестирало. Многу лизгав терен!

„Предизвиканата плодност, како и загубената бременост, е потребно да се набљудуваат низ призмата на тагата“, вели Двора Ентин, специјалистка за ментално перинатално и репродуктивно здравје.

Денес проблемите со плодноста се вообичаени – но еднакво вообичаени се и непромислените зборови и недоволната емпатија кон блиските луѓе што ги доживуваат. Имајќи го на ум тоа, дознавме што мислат на оваа тема стручните лица, како и лицата што се соочиле со овие проблеми.

КАЖЕТЕ САМО „ТУКА СУМ“

Ерин Еренберг, косопственичка на активистичката организација Комора на мајките и мајка на три деца се присетува на нешто многу специфично што ѝ го кажала пријателката. Загубата на бебе е мошне осаменичка загуба. „Тука сум ако сакате да разговарате, тие зборови звучеа доволно“, рече Ерин.

„Едноставната комуникација со некој што страда, свеста дека сте тука – им помага на луѓето да знаат дека не мораат да се повлекуваат со својата болка“, вели Тифани Конјерс, психотерапевтка која доживеала абортус и го загубила синот Мајлс во 2020 година.

НЕ ВЕЛЕТЕ – СУПЕР СИ!

Реченицата „не знам како успеваш да се носиш со тоа“ е фраза која ја затвора врата за делење на тешките емоции. Ако го кажете тоа, другата личност сигурно нема да ви признае дека имала ужасен ден или дека вчера не можела да престане со плачење на работното место. Наместо тоа, немојте ни да ја игнорирате нивната сила, но обидете се со поинаква формулација: „Навистина сте храбри во своите настојувања да станете родители“ или „Знам дека не ти е лесно, но оставаш впечаток како да знаеш како треба да го правиш ова“.

НЕ КАЖУВАЈТЕ „БАРЕМ“

„Барем сте млади“. „Барем имате едно дете.“ „Барем млада го загуби.“ „Барем имате повеќе замрзнати ембриони.“ Овие фрази се некои од најчестите начини да ја минимизираме болката и да се впуштиме во паралелно страдање. Ваквата формулација вклучува и претпоставки. „Поверојатно е да не ги знаете сите детали и да не знаете точно колку ѝ е тешко на двојката на патот да добие“, вели Конјерс.

ПОСТАПКИТЕ СЕ ВАЖНИ

Кога станува збор за поддршката, често е поважно како се однесувате и што правите отколку тоа што го зборувате. Тоа подразбира кратки јавувања („Ако ти бидеме потребни, јави ни се во секое време“), испраќање пораки („Со среќа на прегледот“) или блиц-посети (кога доаѓате на кратко и носите кошница со овошје или вечера).

Овој вид грижа за двојката што се наоѓа во чувствителен период не бара многу ментални маневри, простор за објаснување или избирање на вистинските зборови или формулации. Во текот на периодот на тага поради губење на бебето или неуспешен обид за вештачко оплодување, многу луѓе признаваат дека имаат потреба да ги утешат другите. „Прифаќајќи дека другиот не сака да ви ја отвори вратата, не ја почитувате само неговата приватност туку и длабочината на тоа што го доживува“, додава Ентин.

НЕ КАЖУВАЈТЕ „СИГУРНО ИМА ПРИЧИНА ЗА ОВА“

Избегнувајте да испраќате пораки во стилот „кој знае за што е добро“ или „мора да има причина за тоа“. Ваквите изјави се многу несоодветни. Коментарите дека бебето е на подобро место или дека сето тоа е дел од поголем план често се резултат на обидот да се најдат вистинските зборови, велат експертите за комуникација. Иако овие зборови можеби звучат поетски, не се соодветни и го анулираат она низ што поминува личноста.

Според своето искуство, Конјерс се обидела да најде љубезност и милост кај најблиските кои ги користеле овие фрази, сфаќајќи дека едноставно имале проблеми да најдат вистински зборови за да ја утешат.

НАЈДЕТЕ ДРУГ НА КОЈ ЌЕ МУ СЕ ПОЖАЛИТЕ

„Доколку се среќавате со пријателка која се бори за потомство, дали е тактично да ѝ се жалите за најновите лудории на вашето малечко (иако ви треба некој на кој ќе му се жалите!)?

Сепак најдете некој друг за „вентилација“.

Да се ​​​​биде свесен за ова е почитување на вашето пријателство и на тоа низ што поминува вашата пријателка на патот кон плодноста“, вели Ентин. И тоа не останува незабележано. „Беше навистина тешко да ги гледам моите пријателки бремени и како раѓаат девојчиња откако го загубивме девојчето“, вели Билјана.

„Најтешко е што постојано ја препознававме нашата загуба за време на нивната бременост и пораѓање“, додава таа.

„Сигурно не сакам да се фокусираат на негативното – и ние сакавме да ја славиме нивната среќа – но би сакале нашите чувства да бидат спомнати, нешто како ‘Имаме девојче. Знам дека ова може да биде тешко за тебе’. Наместо да се однесуваме како тоа што ни се случи е во минатото, кое сите сакаме да го избришеме“.

НЕ ИНСИСТИРАЈТЕ НА ФИТБЕК

Ако пријателката што ги замрзнала јајце-клетките ви каже дека ќе оди на гинеколог, Ентин предлага да ѝ покажете дека мислите на неа и да ѝ испратите порака: „Мислам на тебе. Се надевам дека посетата на докторот ќе помине добро.”

„Целта е парот да знае дека не е само опкружен со љубопитни луѓе кои бараат информации, ниту дека се обврзани да ви одговорат и да испраќаат извештаи“, вели мајка која доживеала неколку неуспешни ИВФ.

ПОДАРЕТЕ СО СМИСЛА

Откако Маја родила мртво бебе, блиска пријателка ѝ подарила билка во саксија. „Сè уште ја чувам на моето биро и ме потсетува секој ден, но на добар начин, на бебето што го изгубив. Многу е посебно чувството да се грижиш за неа и да го гледаш нејзиниот цвет“.

Во таа пригода и нејзината мајка ѝ го подарила синџирчето со приврзок количка. „Ме измачуваше помислата дека сама шетам низ светот, и дека никој не знае што навистина ми се случи. Ѓерданот беше симболичен знак дека, на крајот на краиштата, има некој со кого сум поврзана на оваа тема“.

КОРИСТЕТЕ ГО НИВНИОТ РЕЧНИК

Слушајте како го опишуваат своето искуство луѓето што доживеале загуба за да знаете како да разговарате со нив за тоа. На пример, кога сестра ви го спомнува својот спонтан абортус, дали го нарекува бебето како бебе? Или го користи зборот фетус? Можеби го користи веќе избраното име за бебето што го изгубила? Следењето на вербалните знаци е клучно во комуникацијата со луѓето што загубиле дете“, вели Ентин.

Како некој (навистина) се чувствува

Понекогаш е навистина важно, дури и пресудно за нашиот однос со другите, како ќе ги разбереме нивните чувства. Меѓутоа, често ни се чини дека треба да ги „читаме“ другите, а тоа не секогаш ни успева. Заклучоците донесени од психолошкото истражување би можеле да бидат корисни за совладување на комуникацијата, колку и да е суптилна.

Иако функцијата на изразите на лицето еволуираше во сигнали, ние сè уште ја имаме способноста да се обидеме да ги скриеме нашите емоции со учење да ги контролираме мускулите на лицето и да ја зголемиме нашата свесна контрола над нив. Сепак, тоа не е најлесно – бидејќи лицето има педесетина мускули, а свесно регулирање на активноста на сите бара неверојатно ниво на самосвест и многу вежбање.

Чувствата сè уште излегуваат на површина иако некој се обидува да ги сокрие. Она што е навистина доживеано може да се толкува и против волјата на испраќачот на пораката. Комуникацијата (и до одреден степен опстанокот) на човечките суштества зависи од искреноста на другите луѓе и од веродостојноста на испратените сигнали.

Од ова произлегува потребата за (емотивен и комуникативен) морал и поттикнување на прикажување „искрени сигнали“, за способноста за читање сигнали да биде ефективна.

Затоа, многу е важно 1. да се произведат сигурни сигнали кои другите ќе можат да ги користат и 2. да се развие вештината за читање и толкување на тие сигнали. Некој вид вистина и универзалност во покажувањето на лицето на другите, исто така, би биле од голема помош во толкувањето на изразите, бидејќи луѓето ширум светот на тој начин би ги користеле истите кодови и би било полесно да ги разберат знаците што ги испраќаат лицата на другите.

Текст: Лидија Ќулибрк

Фото: Getty Images

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More