Јелена Карлеуша се пофали со лицето без шминка, па сите зборуваат за нејзините веѓи (ФОТО)

Лежерно

Веѓите му ја украдоа славата на предизвичкувачкиот костим за капење

Јелена Карлеуша (42) дефинитивно умее секогаш да им го привлече вниманието на медиумите и на јавноста. Па така, денес најмногу се зборува на социјалните мрежи за нејзините веѓи. Да, добро прочитавте.

Имено, популарната пејачка објави кратко видеоклипче снимено покрај базенот во својата куќа. На него, таа позира во предизвикувачки бикини и без грам шминка на лицето. Не би можеле да кажеме дека станува збор за природно издание на ЈК, земајќи предвид дека има силикон во усните, но сепак станува збор за една од ретките можности да ја видиме без шминка.

Но славата на бикините им ја украдоа светлите веѓи на пејачката, на кои не сме навикнати, земајќи предвид дека секогаш ја гледаме со темни обликувани веѓи со популарната „јапонска техника на цртање“.

Фото: Инстаграм, ATA Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.