Луна Ѓогани го покажа свршеничкиот прстен пред камерите: Жежок бакнеж на тазе свршените ријалити-играчи (ФОТО)

Конечно среќна

Луна Ѓогани конечно може да здивне. По турбулентните три години, кои ги помина пред камерите на реалното шоу „Задруга“, каде што беше прогласена за љубовница поради јавната врска со тогаш женетиот пејач Слоба Радовановиќ, во втората сезона се обиде да ја испере дамката од своето име впуштајќи се во бурна љубовна врска со Марко Марковиќ, кој ѝ раскина во финалето, за подоцна повторно да се смират и да продолжат да се расправаат пред камерите на „Задруга 3“, сега е свршеница. Имено, Марко ја побара за сопруга.

Свршеничкиот прстен на младата пејачка ги воодушеви нејзините обожаватели. Парчето скапоцен накит сега блеска на нејзината рака, но она што им го привлече вниманието на сите се страсните бакнежи на тазе-свршениците. Вчеравечер првпат се појавија во јавноста по свршувачката и ги засенија сите. На отворањето на еден ресторан во Белград, Марко и Луна блескаа среќни, задоволни, гордо позирајќи пред фоторепортерите.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.