Јелена Карлеуша: „Не се сметам за дива, туку за диветина!“

Скромно, нема што!

Нема да помине многу време, а Јелена Карлеуша повторно ќе се најде во центарот на вниманието, како на јавноста, така и на медиумите. И тоа по сопствена „вина“, би додале ние.

Имено, познато е дека популарната пејачка обожава да провоцира, да дава изјави без „влакна на јазикот“, што би се рекло, а и да објавува фотографии на кои како да ѝ е сменет личниот опис, па затоа медиумите ја „прозиваат“ дека вешто се користи со алатките на Фотошоп и на други апликации за „дотерување“.

Најнов во низата е примерот со целулитот на нејзиниот стомак, инспириран од папарацо-фотографиите настанати при нејзиното излегување од автомобилот.

Од каде потребата да лаже? Карлеуша со предизвикувачкиот фустан покажа дека нема ни приближно затегнат стомак како на Инстаграм“, стои во описот на споделената фотографија на инстаграм-профилот @tabloid.hr.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TabloidRTLhr (@tabloid.hr)

На ова, но и на сличните написи во медиумите по повод нејзиниот стомак, популарната пејачка одговори на овој начин:

 

Имено, на видеото јасно се гледаат стомачните мускули на нејзиниот стомак, а нема ни трага, ни глас од целулитот од фотографијата.

 Не е Фотошоп туку БожицаШоп“, меѓу другото, порача Јелена во описот на фотографијата објавена на својот инстаграм-профил.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Но тоа не е се’! Еден следбеник на Карлеуша ја праша на Инстаграм дали навистина себеси се смета за дива, на што таа одговори:

Не, не се сметам за дива, туку за ДИВЕТИНА!“

Скромно, нема што…

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.