Јадела ќотек, на две години одела во солариум и држела диета: Каде е денес најубавото девојче во Америка?

Еден Вуд

Нејзината мајка ѝ давала енергетски пијалаци за да биде расположена, а и често ја тепала, сè додека не добила закана дека детето ќе ѝ биде одземено

Кога почна да се прикажува ТВ-шоуто Toddlers and Tiaras, малку е да се каже дека светот беше шокиран.

Иако е познато дека луѓето во Америка обожаваат детски избори за убавина, а многу мајки го виделе тоа и како можност да им обезбедат светла иднина на своите деца, страшно е тоа што дечињата честопати поминувале низ вистинска тортура, сè со цел да изгледаат совршено.

Солариуми, вештачки нокти, коса, па дури и заби, кореографии, костими, вежбање со часови дневно, се само дел од работите што биле потребни за да бидете прогласени за „најубавото девојче или момче“.

И додека многумина не го гледале ова како нешто лошо, зад сиот тој гламур се криела и темна страна, а тоа најдобро го почувствувало на своја кожа девојчето Еден Вуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood)

Ликот на ова девојче веројатно ви е познат. Таа неколку пати победувала на разни избори за убавина, а била прогласена и за најубаво девојче во цела Америка.

Бидете во совршена форма ова лето со Galaxy екосистемот

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само две години, инсистирајќи на тоа русокосата Еден секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани од тул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood)

Мики до таа мера сакала да ја сочува убавината на својата ќерка, што ја терала да јаде исклучиво нискокалорична храна, а ја носела и во солариум и секојдневно ѝ давала енергетски пијалаци за Еден да биде добро расположена.

Ваквото темпо и начин на живот не се одразиле добро на здравјето на оваа млада дама – постојано имала силни главоболки, а имала и проблеми со варењето.

Подоцна, испливале и информациите дека Мики често ја тепала ќерка ѝ, со цел Еден да „создаде отпор кон стресните ситуации“. На крајот, оваа мајка била предупредена дека мора да го промени однесувањето за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Еден решила да престане да се натпреварува кога наполнила шест години и ја освоила 300-тата титула!

Таа денес има 15 години и сè уште се занимава со моделство, но во далеку подобра атмосфера. Имала епизодни улоги во неколку филмови, напишала автобиографска книга и се испробала и во блогерските води.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood)


И покрај тоа што оваа тинејџерка успеала до некаде да му се врати на нормалниот живот, последиците од одземеното детство се трајни, што се гледа и по нејзиниот изглед, но и по стилот на живот што наликува на живот на 20-годишна девојка.

Има освоено 85 титули за најубаво девојче, а првиот милион го заработи во 6-та година: Денес има 15 години, а изгледа вака (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.