Бидете во совршена форма ова лето со Galaxy екосистемот

Беспрекорно ќе го подобрите секој тренинг

Еуфоријата да бидеме во најдобра форма, несомнено својот максимум го доживува во сезоната на бикини.

И не само поради желбата да изгледаме совршено на плажа, туку и поради плејадата можности за спортски активности на отворено. Ролери, велосипед, трчање, пливање, планинарење… Опциите се бесконечни! Но, за да го извадиме максимумот од секоја активност, важно е да имаме добра опрема.

Samsung Galaxy часовниците и Galaxy Buds се совршени фитнес-асистенти за оптимизирање на вашата рутина за вежбање. Можете да го поврзете Samsung Galaxy Watch4 со омилениот телефон од Galaxy S22 серијата за да добивате професионални тренинзи преку Samsung Health, со преку 120 програми за вежбање од дома.

За мотивацијата да биде уште поголема, вашата совршена плеј листа за вежбање креирајте ја на паметниот телефон и слушате на супер удобните слушалки со напредна технологија за звук што обзема како никогаш досега. Intelligent ANC овозможува непречено да се префрлуваш од потиснување на бучавата до целосно приспособлив амбиентален звук.

Заборавете го секојдневието и нурнете се во вашиот свет. Поврзете ги

Заборавете го секојдневието и нурнете се во вашиот свет. Поврзете ги Galaxy Buds со вашиот Galaxy Watch4 и S22 беспрекорно за да го подобрите секој тренинг.

Одите на трчање?

Поврзете ги Galaxy Buds со вашиот фитнес часовник и преземете ја вашата плејлиста за вежбање за да уживате во трчањето без да се грижите за носење на телефонот. Galaxy Watch4 ќе ви даде совети за формата и темпото во движење, па дури и ќе ги измерат движењето на пулсот во минута (bpm). Но други, како што се најновите модели на „Самсунг“, исто така можат да ја следат варијабилноста на срцевиот ритам (HRV), која ги мери временските интервали помеѓу отчукувањата на срцето и открива какви било неправилности или флуктуации. Во меѓувреме, вашите Galaxy Buds ќе ви помогнат да останете во зоната со Active Noise Cancelling (ANC).

За мирен и здрав сон

Благодарение на  Samsung, можете дури и да ги следите вашите шеми на спиење. Galaxy Watch4 ги снимаат вашите REM циклуси, длабок сон и вкупното време на спиење за да постигне резултати и да помогне во следењето на квалитетот на вашиот сон, плус вграденото мерење кислород во крвта на Galaxy Watch4 овозможува да го проверувате нивото на кислород во крвта во секое време директно од раката. Поврзете го со омилениот модел на Samsung Galaxy S22 и преку апликацијата Samsung Health секогаш бидете во тек со промените на вашето тело.

Најубавите спомени, засекогаш запаметени!

Снимајте видеа, фотографирајте се и уживајте во секој момент од летото. Без разлика дали правите сопствен план за вежбање, вашите видеа ќе бидат кристално јасни и стабилни благодарение на моќните камери на моделите Galaxy S22, S22+ и S22 Ultra 5G кои со себе  носат три задни камери и една предна камера за одлични селфи или видеа. Комбинацијата на камерата со ултра широк агол од 12 MP, широкоаголна камера од 50 MP што ја осветлува темнината, како и телефото камера од 10 MP со која далечното станува блиско, ќе ја направи вашата фотографија уште пореална.

Интелигентната технологија ќе го отстрани шумот во секој кадар за да добиете висококвалитетни, живописни снимки во секое опкружување, подготвени за Instagram, TikTok и многу, многу повеќе! Покрај брзината на обработка на фотографии и видеа, серијата Samsung Galaxy S22 нуди издржлива батерија која може да трае и подолго од еден ден.

Ако ви се испразни батеријата, таа ќе се наполни за само десет минути со помош на брзо полнење.

Одберете го вашиот омилен модел и нурнете се во галаксијата на бескрајните можности со екосистемот на Samsung Galaxy!

Повеќе информации за производите може да најдете на следните линкови:

S22/ S22+: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/

S22 Ultra :https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

Galaxy Watch4: https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch4-silver-lte-sm-r865fzsaeuf/

Galaxy Buds Pro:  https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds-pro-violet-sm-r190nzvaeug/

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.