Ја сметаат за најубавата актерка во Италија, а сега ги покажа градите во тесен костим за капење и предизвика хаос (ФОТО)

Фотографиите дефинитивно ќе ви го забрзаат пулсот! Оваа Романка нема грам милост!

Романската актерка и модел Мадалина Генеа со години живее и работи во Италија, а има и италијанско државјанство, па тамошната публика е среќна што е „нивна“ и често ја нарекуваат најубава Италијанка.

Оваа дама е популарна низ Европа веќе неколку години, но улогата на Софија Лорен во минатогодишниот блокбастер „Куќата на Гучи“ ѝ донесе светска слава.

Иако оваа улога беше епизодна, беше невозможно да не се забележи оваа убавица, не само поради нејзината завидна убавина и фигура туку и поради фактот што навистина личи на познатата филмска дива.

Затоа италијанските медиуми ја нарекуваат „модерната Софија Лорен“, а споменатото достигнување на Мадалина ѝ донесе низа нови работни места и ангажмани. Така таа неодамна доби забележителна улога во трилерот „Длабок страв“, во кој ќе се појави заедно со британскиот актер Ед Вествик (35), чиј лик им е познат на жените од серијата „Озборувачка“ каде што го глумеше Чак Бас.

Некои кадри од филмот веќе се прикажани во јавноста, а продуцентите објавија фотографии на кои може да се види Мадалина во костим за капење и опрема за нуркање. Очекувано, убавата бринета изгледа неверојатно на овие фотографии, а акцентот е на нејзиното бујно деколте кое навистина го одзема здивот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.