Вака изгледа апартманот на Цеца Ражнатовиќ во Будва (ФОТО)

Ѕирнете во него!

Во него најчесто престојува Анастасија Ражнатовиќ.

Цеца Ражнатовиќ, покрај вилата на Кипар поседува и апартман во Црна Гора, поточно во Будва, пренесуваат српските медиуми.

Популарната пејачка го купила пред неколку години за да си ја обезбеди неопходната приватност за време на настапите на црногорското приморје, а во станот најчесто престојува нејзината ќерка Анастасија.

Токму благодарение на фотографиите што младата пејачка ги објавува на социјалните мрежи можеме да „ѕирнеме“ во лускузната недвижнина на нејзината славна мајка.

Судејќи по фотографиите, апартманот е уреден во минималистички стил, во светли тонови. Во преден план се високите прозорци, спуштениот таван и мермерните плочки на подот.

Омилената соба на Анастасија за правење селфи е пространата дневна соба. Освен удобната аголна гарнитура, свое место најде и елегантниот кревет, идеален за опуштање пред телевизорот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.