Ја покажа својата прекрасна ќерка, но и своето бујно деколте: И понатаму тврди дека градите ѝ се 100% природни!

Селма Хаек

Кога ќе го видите нејзиното деколте, тешко е да се поверува дека толкави гради може да бидат природни

Познатата мексиканска актерка Селма Хаек присуствувала на премиерата на филмот Eternals, а на црвениот килим одлучила да ја понесе и својата ќерка Валентина Палома Пино.

На црвениот килим во Лос Анџелес, славната Мексиканка се појавила во елегантен црн фустан до подот, чија монотонија ја разбила жолтата постава, а целиот стајлинг го заокружила со вртоглави металик чевли во златна боја.

Сепак, она што привлекло најголемо внимание е деколтето на Селма, кое многумина го нарекуваат „ненормално бујно“.

Имено, покрај шлицот што достигнува до половина бут, фустанот има и прилично длабоко деколте, кое ги ставило бујните гради на Селма во прв план.

Дополнително внимание на своите гради привлекла и со тоа што одбрала впечатлив двореден ѓердан.

Иако ова е еден од вообичаените стајлинзи на Селма Хаек, многумина сметаат дека нејзиното деколте е дегутантно и не ѝ веруваат кога тврди дека градите ѝ се 100% природни.

Многумина коментирале и дека Селма требало да се облече попристојно за да може малку внимание да украде и ќерка ѝ Валентина Палома (14), која ја добила во бракот со сопругот Франсоа Анри Пино, француски бизнисмен, со кого се венчала во 2009 година.

Селма Хајек со деколтето ја фрли во втор план нејзината ќерка која јавноста ретко ја гледа! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.