Талентираната Бони Китановка има нова песна, слушнете ја „Без тебе“ (ВИДЕО)

Споделете ако ви се допаѓа...

Фото: Инстаграм

Македонската сцена и тоа како има недостаток од нови музички ѕвезди, но и нов звук кои ќе ја освежат домашната музика.

За среќа сведоци сме дека на сцената од време на време се појавуваат нови имиња кои нудат малку поинаков звук. Една од нив е и младата и талентирана скопјанка Бони Китановска.

Таа вчера на социјалните платформи ја објави својата нова песна, на која како автор се потпишува токму тоа. Се работи за песна со модерен звук, нешто што денес го гледаме на сцените во соседството и странство.

Бони за оваа нејзина нова песна се потрудила да сними и видеоспот. Да не должиме многу, погледнете, уживајте и споделете ако ви се допаѓа:

https://www.youtube.com/watch?v=-SLiBAfjl-w

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.