Кој хороскопски знак најбрутално ќе ви го скрши срцето во животот? Овој!

Дел од знаците се бескомпромисни во љубовта

Пред да се вљубите до уши или да ја официјализирате врската, можеби е добро да се запрашате во кој хороскопски знак е вашиот партнер. Еден од 12-те знаци брутално ќе ви го скрши срцето… но кој?

Овен

За Овните тоа ќе биде нивниот знак што ќе создаде хаос во нивните животи. Проблемот со луѓето родени во знакот на Овен е дека тие секогаш сакаат да бидат најважни и во центарот на вниманието. Иако станува збор за знак полн со страст, љубовната приказна помеѓу припадниците на истоимениот знак има потенцијал да заврши како натпревар во сè, постојани кавги брутално раскинување.

Бик – Терезија

Биковите се најсреќни доколку сè во нивниот живот тече пријатно. Тие имаат своја рутина и навики и сакаат секогаш да знаат што точно може да ги очекува во иднина. Од друга страна, терезијата е исклучително социјална и секогаш сака да се дружи со 1000 луѓе, да поминува време со колегите, семејството, да патува.

Од мал проблем лесно може да настане голем проблем: како да го поминете времето и што да правите заедно? Бикот и Терезијата веројатно нема да се согласат и нема да бидат среќни, а Терезијата на крајот ќе одлучи да го прекине сето тоа мачење.

Близнаци – Рак

За Близнаците сè е во знакот на забавата, сакаат да се смеат, да си играат и не сфаќаат ништо сериозно. Раковите се премногу сериозни кога станува збор за емоциите. Ракот сака да зборува за чувствата, потребна му е врска каде што знае дека нема други освен нив двајца и сака стабилност.

Во одреден момент, на Близнаците ќе им биде тешко да најдат рамнотежа помеѓу забавата и чувствителноста, што Ракот нема да може да го поднесе и дури тогаш сè ќе пукне како меур од сапуница.

Рак – Скорпија

Овие два знака во никој случај не можат да имаат среќен крај. Има премногу емоции во оваа врска и тоа ќе доведе до вистинска поплава. Емоционалниот Рак покажува емоции, сака да зборува за нив, им кажува на сите за тоа како се чувствуваа, не се крие од партнерот.

Кога е во врска, Скорпијата станува иста како Ракот. Одеднаш има толку многу длабоки емоции што станува претешко за двајцата.

Лав – Јарец

Лавот првично може да го привлече Јарецот поради својата амбициозност, но на долг рок ова нема да заврши добро. Двајцата знаци ќе започнат да се натпреваруваат во скоро секој сегмент од животот.

Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат партнерот да им посвети внимание и да биде среќен и горд на нив кога ќе успеат во нешто. Ова секако нема да го добијат од Јарците затоа што кога вторите ќе се погледнат во огледалото, тие веќе го гледаат најдоброто пред нив.

Девица – Стрелец

Девицата е личност која планира. Затоа им треба некој на кого можат секогаш да се потпрат и со кого ќе се чувствуваат безбедно. Со стрелецот кој има авантуристички дух и кој е секогаш некаде, а не знае ни самиот каде, Девицата нема да може да функционира добро.

Стрелецот ќе полуди затоа што девицата се обидува да го одржи „под контрола“ и во еден момент само ќе се откаже.

Терезија – Рак

Иако терезиите и ракот се многу слични затоа што се чувствителни души, тие покажуваат љубов на различни начини кога се во врска. Ова може да доведе до недоразбирање и повреди.

Обично, страната што ќе биде повредена ќе биде онаа на терезијата затоа што таа нема да може да ги разбере чувствата на ракот. Атерезијата едноставно секогаш мора да знае точно каде стои во животот.

Скорпија – Овен

Иако Скорпијата сака да се преправа, да покажува дека е опасна и дека никој не може да ја повреди, кога некој ѝ се допаѓа, таа станува вистинско маче.

Скорпијата ќе се чувствува особено тажна и запоставена кога Овенот нема да сака (или едноставно нема толку време) да ѝ ја посвети секоја слободна минута од денот на посесивната Скорпија.

Стрелец – Стрелец

На прв поглед, двајца Стрелци во врска како одлична и забавна идеја, како авантура која никогаш не запира, но реалноста е поинаква.

Поради нивната авантуристичка природа, тешко е да ја пронајдат стабилноста што ѝ треба на секоја врска за да успее. Кога двете страни сакаат да продолжат со своето слободно однесување, некој ќе биде многу повреден во одреден момент.

Јарец – Терезија

Јарците се практични луѓе. Во главата имаат поставено цели што сакаат да ги постигнат во животот и ќе работат на нив уште од мали нозе, бидејќи неуспехот не е опција.

Вагата, од друга страна, е малку послободна по ова прашање, а за неа поважно е дружењето и добро поминатото време со колегите отколку успехот во бизнисот (или образованието). Ова може да биде доста стресно за Јарецот, до степен до којшто ќе почне да мисли дека на Вагата не ѝ е грижа за него.

Фото: Getty Images

Водолија – Јарец

Откачените Водолии сакаат да ги прават работите на својот уникатен начин. Тие ја сакаат слободата и сакаат да бидат во врска со некој што нема да виси над нивните глави 24/7. Јарецот, пак, обожава правила и традиција. Врската ја гледа со поинакви очи отколку Водолијата.

Додека односот помеѓу нив не стане сериозен ова нема да претставува проблем, но потоа дури и најмалите детали ќе станат причина за ненадејно и грдо раскинување.

Риби – Овен

Рибите се многу интуитивен и чувствителен знак. Тие сакаат да одвојат време да ги разберат своите чувства, внимателно да размислат во која насока одат нештата. Сè прават полека и смирено.

Овенот од друга страна не е воопшто бавен, тој за сè одлучува брзо и не мора да чека илјада години за одлуките на другите. Со Рибите во одреден момент ќе го изгуби трпението и ќе си замине бидејќи повеќе не му се троши време на летаргични, бавни луѓе.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.