„Изгледам подобро од 90% на планетава!“ Имаше најголеми облини во Холивуд, а сега буквално се „истопи“ (ФОТО)

Папарацо-фотографии

Ким Кардашијан практично не’ „бомбардира“ со своите разголени фотографии на социјалните мрежи, но ретки се случаите кога можеме да ја видиме на нефилтрирани папарацо-фотографии… Но, неодамна папараците ја уловија ријалити-ѕвездата на плажа за време на егзотичниот одмор во островите Туркс и Каикос, а сцените докажуваат дека Ким навистина никогаш не изгледала подобро!

Таа парадираше на плажа во дводелен бел костим, кој ги истакна нејзиното деколте и затегнатите нозе, а во ова бикини славната 41-годишна ѕвезда јасно стави до знаење дека ја довела својата фигура до совршенство.

Но, она што ги заинтригира сите е фактот дека Ким веќе не може да се пофали со ултралуксузна заднина како некогаш… Дали на ова влијаело неодамнешното слабеење и губење на 9,5 килограми или сепак таа отишла под нож – оставаме да пресудите вие!

Kim Kardašijan na plaži na paparaco fotkama

Таа и самата во интервју за магазинот Allure изјави дека никогаш немала естетски интервенции, освен што повремено инјектирала ботокс во пределот на челото.

Никогаш не сум наполнила ништо со филери“, Ким инсистира дека нема филери во усните или образите.

Kim Kardašijan na plaži na paparaco fotkama

Во интервјуто, таа истакна дека сака да биде совршена, но и дека ги прифаќа своите несовршености и е во хармонија со себе.

Настојувам да изгледам подобро од 90 отсто од луѓето во светот“, рече Ким, откривајќи дека вечерите ги поминува на разни ласерски или козметички третмани, дури и кога има напорен ден.

Но коментарите за новите фотографии на ријалити-ѕвездата следеа со брзина на светлината, а повеќето од нив се согласуваат во едно – веруваат дека старлетата го довела своето тело во состојбата каква што е денес со помош на одедени естетски процедури.

Жената со текот на годините постепено ги намалуваше задникот и колковите, тоа е јасно како бел ден“, „Едноставно има сосема поинаква фигура од онаа од пред 3 години, тоа не може да биде природно“, „Нејзините импланти се многу, многу помали од порано, дефинитивно ги намалувала“, се само дел од коментарите.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.