Хари и Меган потпишаа договор со компанија која организира настапи за познати личности

Нов бизнис

Се чини дека принцот Хари и Меган Маркл се подготвуваат да заработат пари со говори, бидејќи тие потпишаа договор со компанија која организира настапи за познати личности, вклучувајќи ги и поранешните американски претседатели.

Двојката ќе ја претставува њујоршката компанија „Хари Вокер Агенција”, која исто така беше ангажирана од луѓе како поранешните претседателски парови Барак и Мишел Обама, Бил и Хилари Клинтон и телевизиската ѕвезда Опра Винфри.

Овој потег е еден од првите големи чекори што ги презедоа војводата и војвотката од Сасекс во однос на финансиската независност откако во јануари објавија дека имаат намера да се одвојат од британското кралско семејство и да станат независни, а дел од животот да го поминат во Северна Америка.

Тие моментално живеат во Лос Анџелес со нивниот едногодишен син Арчи.

Во своите говори, тој ќе се осврне на прашања како што се расната неправда, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и менталното здравје, што е важна тема за Хари, за која зборуваше, споделувајќи ги со јавноста тешкотиите во надминување на загубата на неговата мајка, принцезата Дајана.

Тие ќе одржат говори заедно и индивидуално, велат луѓе запознаени со нивните планови.

Говорењето е важен извор на приход за славните, бидејќи најпознатите имиња можат да заработат до 100.000 американски долари по изведба.

Прочитајте и: Нови детали од животот на кралското семејство: Кој вреска, кој плаче и кој го гледа сето тоа?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.