10 имиња за девојчиња кои значат светлина: Можеби некое од нив е идеално за вашата миленичка!

Имиња што значат светлина

Постои ли подобра симболика од тоа да му дадете име на вашето дете што означува светлина

Ако сте во потрага по име за вашето девојче, а не сакате тоа да биде вообичаено, туку да има традиција и симболика, можеби овој список ќе ви помогне.

Имињата што означуваат светлина – сонце, зора, изгрејсонце, месечева светлина – имаат многу силна симболика, бидејќи детето во нашиот живот го носи токму тоа – светлина и радост.

Имињата што се користат со векови а го имаат токму ова значење, ги носеле и некои од митските божици. Прочитајте ги во продолжение и можеби ќе го пронајдете токму она што сте го барале…

1. Аелија – древно римско име кое значи сонце

2. Елијана – ќерка на сонцето

3. Елеодора – дар од сонцето

4. Калинда – хиндуистичко име што значи сонце

5. Теа – изведенка од грчкото име Теиа, грчка божица на сонцето

6. Селена – грчка божица на месечината

7. Аурора – латинско име што значи зора, римската божица на утрото се викала Аурора

8. Нера – ова име е од еврејско потекло, што значи свеќа или светлина

9. Луција – на латински „лукс“ значи светлина, оттаму потекнува и италијанското име Луција

10. Зора – арапското потекло на ова име го означува токму тоа, зора, изгрејсонце

Симболизираат радост и благосостојба: 5 најубави кратки имиња за девојчиња со моќно значење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.