„Горда сум што сум госпоѓа Афлек“: Џенифер открива зошто го сменила презимето во најбомбастичното интервју досега

Се „отвори“ за „Вог“

Познатата пејачка и актерка Џенифер Афлек (Лопез) е ѕвезда на новиот број на американскиот „Вог“, во кој зборува за својот брак со Бен Афлек и за самодовербата која ја направила посилна.

Џенифер Лопез се венча со Бен Афлек во Лас Вегас во јули оваа година, а следниот месец уживаа на уште една раскошна тродневна церемонија во Џорџија.

Во интервју за „Вог“, латино-дивата откри дека нивниот брак е модерна врска. Истакна дека е горда што го зела презимето на својот маж и смета дека таа одлука ја „направила поцврста“, а потоа додаде дека во тоа има нешто романтично.

Луѓето и понатаму ме викаат Џенифер Лопез. Но моето официјално презиме ќе биде Афлек, бидејќи ние сме заедно. Ние сме маж и жена. Горда сум на тоа.  Се чувствувам како тоа да е најмоќниот потег, знаете на што мислам. Во голема мера ги контролирам животот и судбината и се чувствувам моќно како жена и како човек. Можам да разберам дека луѓето имаат свои убедувања во однос на овој потег, и тоа е во ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Џеј Ло ја откри реалната слика која се крие зад нејзината одлука за промена на презимето, која не им се допадна на нејзините фанови.

Ако сакате да знаете како се чувствувам во врска со тоа… Чувствувам дека тоа е нешто романтично. Уште во себе има и традиција и романтика, а можеби јас сум таква девојка.

Многу луѓе не сакаа јас и Бен да бидеме заедно. Бевме млади и заљубени, навистина бевме безгрижни. Ги живеевме своите животи, бевме среќни. Не моравме да се криеме или да бидеме дискретни. Само живеевме без криење, па излезе дека токму поради тоа имавме страшна главоболка подоцна. БИмаше многу скриени нешта под површината, луѓе што не сакаа да бидеме заедно, луѓе кои мислеа дека не сум вистинската личност за него, вели пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Се изгубивме еден со друг, па повторно се најдовме“

Џенифер, која во „Вог“ се појавува во повеќе модни изданија, меѓу кои и во раскошниот црвен фустан на „Валентино“, зборуваше за смирувањето со Афлек, не криејќи дека се плашела дали ќе успее вторпат…

Дали постои љубов? Дали е реална? Никогаш не сум бегала од фактот дека за мене постои вистинска љубов. Луѓето во мојот живот знаат дека тој беше многу посебна личност во мојот живот. Кога повторно се поврзавме, тие чувства во мене беа и повеќе од реални. Не знам дали ова на сите да им го препорачам. Понекогаш растете едниот и другиот, или едноставно се развивате поинаку. Ние двајца се изгубивме и повторно се најдовме. Да не дискутирам дека нешто помеѓу нас тогаш се случи, бидејќи тие некои работи тогаш беа навистина вистинити. Сè што некогаш сакавме е некако да најдеме мир во своите животи за да можеме навистина да ја почувствуваме онаа љубов која ја чувствувате како многу млади и се прашувате дали тоа ќе можете повторно да го имате, искрено сподели пејачката.

„Јас сум им пријател на неговите деца, а тој им е пријател на моите“

Џенифер на момент се сомневала во смирувањето и поради сите врски кои ги доживеала. Љубовниот живот го опишала како вртелешка, топоган… патување кое има мистерија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Раскажуваше и за односот на нејзините деца со Бен. Таа спомена дека Ема и Макс се тинејџери сега и се борат со многу емоции.

Неговите деца имаат сојузник во мене, а моите деца имаат нов сојузник во него, некој кој навистина ги сака и се грижи за нив, може да има поинаква перспектива за нешто и може да ми помогне да ги согледам работите поинаку, бидејќи сум многу емотивно врзана за нив, истакна таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.