Фустанот (раз)откри сè: Бившиот сопруг ја изневерил Мајли Сајрус со ОВАА АКТЕРКА? (ФОТО)

Ништо не е случајно...

Ни фустанот што Мајли Сајрус го носи во новиот спот за песната Flowers не е случајност, туку открива со кого ја изневерил Лијам Хемсворт, тврдат фановите.

Токму кога помисливме дека ни е доста од сагата Шакира-Пике-Клара Чија, се појави уште една одмаздничка песна, која секако започна лавина од коментари и толкувања.

Пејачката Мајли Сајрус ја објави песната Flowers, а иако насловот на песната е можеби нежен, според фановите, таа била сè само не нежна кон нејзиниот поранешен сопруг, актерот Лијам Хемсворт.

Песната е објавена пред роденденот на Лијам, за што многумина претпоставуваат дека не е случајност, а како што тврдат многу коментари на социјалните мрежи, во неа од почеток докрај се вткаени симболи кои потврдуваат дека актерот ѝ бил неверен на пејачката додека биле во брак.

Многубројни се шпекулациите и толкувањата на нејзината нова песна, а нам ни останува највпечатлива можноста Мајли Сајрус да го снимила спотот во вилата во која бившиот сопруг ја изневерувал со дури 14 жени.

На социјалната мрежа ТикТок се појави најновата теорија на заговор (или не?), а во центарот на вниманието е златниот фустан што Мајли Сајрус го носи во видеото. Според еден корисник на ТикТок, ова не е случајно.

Имено, според верниот обожавател на пејачката, фустанот е суптилен знак кој алудира на сличниот златен фустан што го носела колешката на нејзиниот поранешен сопруг на премиерата на филмот „Игри на гладот“ Џенифер Лоренс.

Според корисникот на ТикТок, ова не е случајно.

@putterjax Tell us Miley! Queen of shade #mileycyrus #flowers #liamhemsworth #jenniferlawrence @Joshua Pingley ♬ Flowers – Miley Cyrus

Имено, Џенифер Лоренс и Лијам Хемсворт глумеа заедно во филмот The Hunger Games, а на премиерата на филмот во 2012 година во Лос Анџелес, актерката се појави во прекрасен златен долг фустан.

А бидејќи Мајли Сајрус во спотот се појави во сличен златен фустан, почнаа шпекулациите дека тоа е скриен знак дека пејачката алудира на прељубата на нејзиниот поранешен сопруг со оскаровката.

Сличната фризура во вид на подигната коса и лежерно пуштени предни прамени дополнително ги подгреа овие сомнежи на обожавателите.

Да потсетиме, Џенифер Лоренс еднаш во емисијата на Енди Коен призна дека таа и Лијам Хемсворт биле во врска. Кога Коен ја праша дали некогаш се бакнувале кога камерите се исклучени, актерката одговорила:

Лијам и јас пораснавме заедно. Лијам е навистина убав. Што би направил ти?, праша Лоренс пред да признае сè.

Да, се бакнувавме!

Видео: Youtube, TikTok

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.