ФБИ направи претрес во луксузниот дом на Доналд Трамп: Не го изоставиле ни гардероберот на Меланија

Светот на познатите

ФБИ во понеделникот изврши претрес на луксузниот имот на Доналд Трамп на Флорида, Мар-а-Лаго. Поранешниот американски претседател силно негодува и се сомнева во професионалноста на агентите кои не ја заобиколија ни гардеробата на Меланија Трамп.

Трамп посочува дека агентите лесно можеле да подметнат одредени докази бидејќи барале од сите негови вработени, кои одбиле, да ги исклучат безбедносните камери и покрај наредбите, и адвокатите да ги напуштат просториите што се претресувале. Американскиот милијардер на својата страница “Truth Social“ не престанува да се жали на рацијата, која се смета за преседан бидејќи досега не е претресен имотот на ниту еден американски претседател. „Зошто инсистираа никој да не ги гледа?“, прашува Трамп, додавајќи дека Барак Обама и Бил Клинтон не биле подложени на слични истраги и покрај големите спорови со кои се соочиле.

Своето незадоволство го изрази и адвокатката на Доналд, Кристина Боб, која посочи дека не може со сигурност да се знае дали доказите се подметнати, но дека таа не може да го тврди тоа.

Агентите на ФБИ биле во резиденцијата со 128 соби во Флорида во понеделникот во 9 часот, а 30 агенти шетале по приватните квартови од 3.000 квадратни метри.

Инспекторите ја пребарале главната спална соба, позната како Версајската соба, која Меланија Трамп ја реновирала пред две години. Тие ја прегледаа и гардеробата на поранешната прва дама. И која е причината за истрагата?

Се верува дека федералните службеници бараат владини документи во Мар-а-Лаго. Според законот, целата претседателска кореспонденција и документи мора да бидат предадени на Националниот архив, а од февруари е јасно дека Трамп не се придржувал. Некои документи беа вратени во Државниот архив на почетокот на оваа година, но очигледно не сите.

Една од теориите е дека се бараат докази за вмешаноста на Трамп во нападот на Капитол на 6 јануари и обидот за државен удар. Се шпекулира дека ФБИ исто така разгледува шема за обезбедување на лажни гласачи за поништување на изборите во 2020 година, како и истрага за улогата на поранешниот американски претседател во кампањата за барање глас во Грузија, а под истрага се и финансиските работи на семејството.

Трамп вчера вечерта се врати во својата резиденција на Менхетен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.