Антонија Гиговска ПРЕСЕЧЕ: Нема да учествува на прославата по повод – годишнина од рамковниот договор!

Пејачката Антониа Гиговска го откажа настапот на музичкиот хепенинг на плоштадот Скендербег во Скопје, со што ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Таа се огласи на својот Инстаграм профил по повод настанот:

За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знaеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит кон организаторот и кон било која политичка страна, напиша Гиговска и додаде дека „не сака да биде дел од манифестација поврзана со политика“.

-Ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене, појасни Гиговска.

Таа ги замоли сите портали да не даваат лажни изјави.

-Навистина нема потреба да ми правите непријатели со тоа што ќе испревртувате мои зборови и нешто што лично јас сум дала како изјава иако воопшто не сум ни морала да одговорам на било каква порака или повик од истите, прецизираше пејачката.

На официјалната фејсбук страна на Министерството за политички систем е тргната објавата во која беше најавена Гиговска и има нова објава со Владо Јаневски.

Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот.

Коментарите се заклучени.