Фановите ја сожалуваат Ирина Шајк: Страсниот настап на Лејди Гага и Бредли Купер ги поттикна шпекулациите дека се во врска

Не очекувала вакви реакции!

Не престанува да се зборува за настапот на Бредли Купер и Лејди Гага, а партнерката на славниот актер се огласила на Инстаграм

Лејди Гага (32) и Бредли Купер (44) ја запалија сцената на 91. доделување на Оскарите со својот заеднички настап.

Покрај одличната изведба на нумерата „Shallow“, на многумина им падна во очи и нивната блискост.

Актерот непрестајно гледал во Гага додека седеле на клавирското столче, а во еден момент нежно ја обвиткал раката околу нејзината половина. Тој момент ја увери јавноста дека меѓу нив постои неверојатна хемија.

Токму затоа овој настап стана централна тема меѓу нивните фанови, кои отворено навиваат славниот актер да раскине со манекенката Ирина Шајк и да заплови во романса со контроверзната пејачка.

За време на изведбата на нумерата, погледите на сите присутни и камерите биле вперени токму во славниот топ моделка која од публика го гледала настапот на својот избраник со кого рака под рака дошла на церемонијата.

Американските папараци ја фатиле атрактивната манекенка во автомобил со Бредли Купер и се чинело дека е лошо расположена.

По доделувањето на Оскарите, Ирина на Инстаграм му се заблагодарила на својот бјути тим за фустанот, шминката и фризурата.

https://www.instagram.com/p/BuURzgEHUnD/?utm_source=ig_embed

Меѓутоа, фановите веднаш почнале да разговараат за актуелниот настап, односно ја опсипале со коментари за наводната врска на нејзиниот сакан и Лејди Гага.

Многумина отишле толку далеку што напишале дека ја сожалуваат, додека секако имало и такви што ја поддржале да продолжи понатаму.

Ирина и Бредли се во вонбрачна заедница и имаат едногодишна ќерка Леа Де Сеин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.