Таа воопшто не е жена, но не е ни тоа што го помисливте! (ВИДЕО)

Нема да ви се верува!

Таа прави сè што прават и другите жени, се насмевнува, носи накит, се шминка…

Иако на прв поглед сигурно помисливте дека станува збор за убава, негувана Кинескиња во доцните 30-ти или раните 40-ти години, сте се излажале! Дамата на фотографијата воопшто не е жена!

Но ако помисливте дека станува збор за промена на полот или нешто слично, повторно не сте во право. Воопшто не станува збор за човечко суштество!

Имено, една кинеска медиумска агенција синоќа претставила неверојатно реалистичен робот, кој од март добил работа да презентира вести!

Половина свет останал шокиран кога сфатил дека новиот презентер воопшто не е човек, со оглед на тоа колку реалистично е направена.

Таа се однесува исто како и секој човек: ги движи усните, се насмевнува, трепка. Носи накит и се шминка.

Ова е уште доказ колку технологијата напредува и полека станува закана за уште едно занимање што во блиска иднина ќе го преземат роботите.

https://www.youtube.com/watch?v=uE6i-DO9qZk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.