Емилија Розман по повод веста за разводот: „Прави го она што те усреќува!“

Фото: Фејсбук

Во средина на јули одекна веста дека нашата убавица Емилија Розман го пронашла човекот на својот живот. Неговото име е Стефан Ангелкоски, а го познаваше неполни 48 часа пред да се омажи со него. Да, добро прочитавте – да се омажи!

Тоа било љубов на прв поглед и за двајцата, објасни тогаш Емилија, враќајќи им ја вербата во бајките на голем број девојки, жени… Но изгледа на оваа љубов има краток рок на траење, бидејќи вчера медиумите буквално ги преплави веста дека Емилија и Стефан се развеле посамо неколку недели брачен живот.

Е, токму по тој повод, Емилија сподели интересно стори на Инстаграм.

Парови се забавуваат 10 години, се венчаваат и по една година се разведуваат. Тотални странци спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години брак. Некои се мажат по шест месеци и сѐ уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те усреќува“, порача Емилија реобјавувајќи статус на извесна Тина.

Што мислите вие за ова? Дали навистина постои љубов на прв поглед, долговечен брак по неколку месеци или се’ е само еден голем мит во денешно време? Или можеби и не е важно колку ќе трае, важно е да сме среќни!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.