Ретроградното движење на Марс ќе се одрази негативно врз овие хороскопски знаци

Дознајте на кои знаци работите ќе им одат „наназад“

Астролозите предупредуваат дека оваа година многу планети го почнаа своето ретроградно движење, кое има голем ефект врз нашите животи.

Ретроградниот Марс стапна на сцената на 9 септември и ќе се задржи на неа до 13 ноември, а тоа ќе биде тежок период, посебно исполнет со предизвици за 3 хороскопски знаци.

Овен

Бидејќи Марс е планета која влијае со овните, за родените во овој знак овој период носи апатија, истоштеност и намалена мотивација, но и збунетост во однос на тоа што е следно во нивните животи. Време е да се фокусирате на своите потреби и да сфатите што ви е потребно. Поврзете се со себеси на подлабоко ниво и поминете време сами.

Терезија

За терезијата поврзаноста со другите луѓе е едно од најубавите животни искуства, но овој ретрограден Марс може да биде голем извор на тензија. Можни се проблеми во односите со другите луѓе, па затоа е добро да не инсистирате на некои работи и да ја насочите својата енергија кон решавање на некои проблеми, кои се наталожени од минатото.

Скорпија

Овој знак е традиционално управуван од Марс, па тоа значи дека неговото ретроградно движење ги поместува работите. Наместо да носите импулсивни одлуки и да правите чекори за кои можеби ќе се покаете, пробајте да размислите и да донесете подобри одлуки. Потребна ви е рефлексија кон тоа што го чувствувате, како и целите и страстите во вашиот живот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.