Две децении подоцна: Погледнете како изгледаат денес латино-заводниците од популарните сапуници!

Пред 20 години ги освојуваа женските срца

На почетокот од 2000-тите години, теленовелите беа многу популарни на овие простори, а жените лудуваа по латино-заводниците

Како што растеше популарноста на сериите, така се зголемуваше и популарноста на главните актери. Жените едноставно ги обожаваа!

Еве како изгледаат тие денес. Мора да признаеме дека годините добро им стојат…

Фернандо Колунго

Еден од најпознатите латино-заводници од малите екрани, дефинитивно е Фернандо Колунго, кого публиката го памети најмногу по улогата во серијата „Есмералда“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nelya (@nelya_ct)

Денес, Фернандо има 55 години и сѐ уште се занимава со глума. Се чини дека времето застанало за него. Жените и денес паѓаат на неговиот изглед.

Цезар Евора

Го паметиме по улогата во серијата „Маријана“. Сите ги освојуваше со својот стас, но и со својот длабок сексапилен глас по кој и денес дамите лудуваат.

Тој денес има 62 години. Оженет е и има три деца. По оваа серија играл во уште неколку, но се појавил и во многу филмови.

Едуардо Сантамарина

Незаборавен мексикански актер, кого го паметиме по улогата во сапуницата „Руби“. Оваа серија беше многу популарна, а Едуардо ги собра сите симпатии на припадничките на женскиот пол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rubí 👄💎 (@novela_rubi)

Денес има 53 години, три деца и два брака зад себе. Работи на градење кариера надвор од Шпанија, па така се испробал и во еден холивудски филм.

Хуан Солер

Најпопуларен по улогата во серијата „Кога се вљубив“ која постигна голем успех кај нас. Овој заводник беше забележан од сите дами.

Денес има 55 години. Оженет е со аргентинска актерка со која има две ќерки. Годините, ќе се согласите, многу добро му стојат.

Се сеќавате на Руби од познатата теленовела? Имаше рак, се разведе по една година, а погледнете како изгледа денес! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.