Лејла Рамковска: За мене Galaxy Z Flip3 значи селфи без допир, професионално видео и одлична музика

Дознајте ги сите предности на ултимативниот телефон на преклоп

На листата на најдобри иновации во 2021 година, според магазинот „Тајм“, има еден посебен паметен телефон – Galaxy Z Flip3, кој е доказ дека Samsung успеал во мисијата да ги врати на сцената мобилните телефони на преклоп и тоа да го направи на голема врата.

Ви пренесуваме листа од 11 возбудливи опции кои ги нуди овој уред и кои целосно го оправдуваат епитетот на вистинско мало чудо.

Galaxy Z Flip3 веднаш ми го привлече вниманието со својот иновативен и софистициран дизајн. Елегантен и компактен се зборовите со кој би го опишала. Но овој телефон нема само естетика туку и сериозни предности во однос на функционалноста“, ни рече Лејла Рамковска за првата средба со ултимативниот телефон на преклоп.

 

Направете селфи без да ги користите рацете

Кога имате флексибилен телефон на преклопување, одличната работа е што можете да го поставите во положба под агол што ви одговара и да направите селфи без да ги користите рацете. Едноставно вклучете ја апликацијата, изберете ја предната камера, а потоа поставете го телефонот така што камерата е свртена кон вас. Прилагодете го аголот на екранот за да ви одговара и се што треба да направите е да ја насочите дланката кон камерата. Автоматски ќе започне одбројувањето и потоа ќе направи селфи.

Оваа опција се поставува во апликацијата на камерата со избирање на „Метод на снимање“ со што се вклучува „Pointing palm“. А тука е опцијата за овозможување гласовни команди.

Фотографирање со надворешниот екран

Корисниците на овој уред се воодушевени од фактот што надворешниот екран е толку корисен, а една од интересните опции е да фотографирате или снимате видеа без расклопување. Само двапати брзо притиснете го sleep/lock копчето од страна и автоматски ја стартувате камерата. Ако не е вклучено, можете да ја поставите оваа опција во поставките на телефонот.

Снимањето се изведува со допирање на екранот, по што се појавува мал часовник со одбројување кој ви дава време да ја прилагодите рамката пред да фотографирате. Ако сакате да снимате видео, само поминете лево или десно на екранот додека не видите опција „видео“. Ако одите нагоре или надолу по екранот, ќе се префрлате помеѓу ултра широката и основната камера.

Токму опциите за снимање и фотографирање го привлекоа вниманието на Лејла Рамковска.

Добра видеоснимка е една од најважните предности кои ги барам во еден телефон. Тоа што може да се преклопи во агол кој точно мене ми одговара за најдобар кадар кога снимам јога вежби го прави овој телефон за мене да биде неопходен!“, вели прекрасната јога инструкторка и Инстаграм инфлуенсерка.

Други интересни опции на надворешниот екран

Освен снимање на видео и фотографии на капакот на уредот. Овој Super AMOLED екран од 1,9 инчи прикажува информации како што се часовник, пропуштени повици, примени пораки и известувања, а можете да додавате и други дополнителни графички функции на него, како здравје, распоред на активности или да ја контролирате музиката што ја слушате.

Кога се работи за музиката Лејла не прави компромиси.

Важно ми е да слушам добра музика, а овој телефон со Dolby Atmos те внесува на посебен начин во музиката преку истакнат секој детал од секоја нота. покрај јога и добра музика морам да признаам дека многу ме опуштаат и игри на телефон, а Samsung Galaxy Z Flip3, има толку добар процесор snapdragon 888, кој не дозволува сецкање ни на најзахтевни игри и апликации! “, го раскажува таа своето искуство од користењето на Galaxy Z Flip3.

Лесно известување

Ако поминете каде било на почетниот екран во насока надолу, ќе се појави опаѓачко мени со вашите известувања. Значи, нема потреба да посегнувате по горниот дел од екранот. Секако, оваа опција можете да ја вклучите или исклучите и во поставките на телефонот.

Flex Mode

Кога ќе ја вклучите Flex Mode опцијата, можете да го оставите вашиот Galaxy Z Flip3 под агол од 90 степени, при што отворената апликација автоматски може да се премести во горната половина од екранот, додека на долниот дел ќе имате можност да ги приспособувате контролите како јачина на звук, осветленост на екранот, слики од екранот итн.

Мултитаскинг до максимум

Ако сакате да работите на повеќе апликации во исто време, тогаш овој телефон е совршен за вас. Распоредете ги апликациите за да добиете оптимизиран изглед на димензиите на екранот од 166 x 72,2 x 6,9 мм, следете онлајн настан, запишувајте белешки и истовремено одговарајте на е-пошта. Дозволете вашата продуктивност да добие нови крилја.

Завртете го главниот екран во Landscape положбата

Ако сакате главниот екран на телефонот автоматски да се ротира во Landscape положба со вртење на уредот, оваа поставка брзо и лесно се вклучува со долго притискање на позадината и избирање на поставките што ја имаат опцијата „Ротирај во Landscape позиција“.

Одговарање на повици на неколку начини

Кога вашиот телефон ќе ѕвони, можете да го видите повикот кога е преклопен и може да одговорите со едноставно повлекување по надворешниот екран без да мора да го отворите. Сепак, треба да имате на ум дека разговорот потоа се префрла на звучникот и дека лесно можете да го зголемите или намалите звукот. Другата опција за одговарање на повик е да го отворите телефонот, а за да го завршите разговорот, постои онаа што им се допаѓа на сите и малку ретро момент на склопување.

Полнење други уреди преку Flip3

Овој паметен телефон може да се користи за безжично полнење на други уреди како слушалки или паметни часовници на задната страна на паметниот телефон. Можете исто така да поставите ограничување за тоа колку батерии дозволувате да се користат за овој тип на полнење.

Спијте на време

Една од најчесто користените опции на паметните телефони Samsung е „Bedtime mode“ или режим на спиење. Ви овозможува да закажете време за вклучување на сивите тонови на екранот, како и исклучување на известувањата, за да ве поттикне да одите на спиење. Посебно е интересно што можете рачно да ја вклучите оваа опција, но и да го изберете времето во кое сакате да се вклучува секоја вечер, како и ноќите на кои сакате да ја примените оваа опција.

Вклучете го режимот за деца

Ова е корисен совет за семејствата со деца. Ако треба да им дозволите на вашите деца да го користат вашиот телефон и сте загрижени дека ќе кликнат нешто што не треба, за среќа постои Samsung Kids Mode што се прилагодува брзо и лесно, а е потполно бесплатен и ве спречува да се грижите што би можеле вашите деца да гледаат и направат на телефонот.

За повеќе информации за овој модел, посетете го линкот: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip3-5g/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.