Доналд Трамп не знаел да го обои знамето на САД: Збир на најголемите глупости што бившиот претседател ги направил за време на мандатот
Оние кои се против Доналд Трамп постојано објавуваат за испадите и чудните работи што ги направи бившиот претседател на САД, а твитерџијата Џулс Суздалцев одлучи да ги собере сите „на куп“.
Тој сподели над 30 фотографии на својот твитер-профил, кои го прикажуваат Трамп во не толку добро светло, а досега неговите објави имаат над 50.000 лајкови.
Сфатив дека сега ќе биде забавно да ги потсетам сите за најчудните и најглупавите работи што ги има направено нашиот диктатор во последните четири години, а за кои целосно заборавивме“, пишува во неговата објава.
Погледнете дел од најпопуларните фотографии, описите над фотките се преземени од оригиналните твитови на Џулс:
Да почнеме со класика – гледаше директно во Сонцето за време на соларна еклипса.“
Ја извади заштитна маска за да изгледа моќно, додека уште можеше да зарази некого.“
Им фрлаше тоалетна хартија на луѓето по ужасниот ураган во Порторико.“
Потпишуваше Библии.“
Неговиот неверојатно лош тен.“
Направи вечера со храна од Мекдоналдс бидејќи предизвика затворање на владата и немаше кој да приготвува храна во Белата куќа.“
Не сакаше да го дели чадорот, а потоа го остави отворен пред вратата од авионот.“
На Божиќ, му кажа на 7-годишно дете дека не постои Дедо Мраз.“
Се појави со лажната Меланија.“
Секако, станува збор за непотврдена теорија на заговор од твитерџиите.
Рекламира храна за време на пандемија – никој не смее да прави реклами во Белата куќа, но Трамп го прекрши ова правило.“
Не знае да го обои знамето на САД.“
Одлично скроено одело.“
Тоалетна хартија на чевелот.“
Фото: Твитер