КАДЕ ИСЧЕЗНА МЕЛАНИЈА ТРАМП: До јавноста стигнаа шокантни факти за приватниот живот на поранешната прва дама

Шоубизнис

Единствено нешто до што ѝ е грижа е нејзината приватност и нејзиниот син, велат луѓето кои ја познаваат Меланија Трамп.

Кога ФБИ во август годинава упадна на имотот на Доналд Трамп каде што живее со Меланија, сите мислеа дека поранешната прва дама ќе има што да каже. Но, таа и овој пат молчеше.

„Зошто би излегла. Секогаш имаше размислувања, ако молчи, сите скандали едноставно ќе исчезнат“, изјави во прилика една личност запознаенa во односите со јавноста на Трамп.

Иако јавноста умира да знае каде е Меланија и со што се занимава откако ѝ заврши мандатот во Белата куќа – одговорот е дека таа се повлече во мирот и тишината на имотот Мар-а-Лаго на имотот на Флорида.

Деталите од споменатата потрага стигнаа во јавноста и сите беа изненадени кога дознаа дека Меланија има посебна спална соба од онаа на Доналд и дека ги поврзува само заеднички плакар.

Многумина беа шокирани од фактот што Меланија не ја искористи својата популарност по напуштањето на Белата куќа и дека не го продолжи бизнисот што ќе и овозможи да остане згрижена и по смртта на Доналд. Но, извори блиски до поранешната прва дама велат дека нејзиниот единствен приоритет се „нејзиниот дом и нејзиниот син“.

Нејзиното последно појавување во јавноста беше на погребот на Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп. Меланија на збогувањето со поранешната сопруга на својот маж се појави облечена во црно, достоинствено и заносно.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.